@Asparagus се сложувам оти се делат имињата на време кое поминало и во кое живееме. Ние сме склони кон увезување странски кованици, и нашите имиња немаат константа. Па со тек на време одредени имиња ни стануваат out of this time. Доколку ги користиме нашите имиња во континуитет, верувам дека не би гледале на тоа така. Овде каде што живеам сега, секоја втор/а се вика Василка/Босилка, Светлана, Слободанка, Вера, Ставре, Петко... никој не праи зезанции од имињата, никој не се умара дали таму некој во Германија утре, ќе може да го изговори правилно, па дали да има Ј или не, па анализи и статистики. Ние како нација лесно си се претопуваме и уште полесно сами си наметнуваме нови моди, и после некој цел живот ќе си има комплекс за името, ама за тоа сами сме си криви.
Јас во разговор со колегите ја наметнав темата дали прават шеги како кај нас со имиња и дали имаат старски имиња кои не ги користат. Секако беше одговорот. Пример во Германија Трајанка е Хелга со класичен германски акцент изговорено.
Името Василка има грчко потекло, така што не знам за какво умирање на наши имиња зборуваш, но сепак јас те поддржувам да се прекрстиш во Василка. Биди промената што сакаш да ја видиш. А Босилки, Ставревци и Петковци има да, ама тоа се луѓе во зрели години, крстени така пред 60 години, а денес да крстиш дете Ставре искрено треба нешто да ти фали.
Јас се породив на Митровден и со сета почит кон Светецот на чиј датум ќе славиме роденден и чија икона чувам дома јас сепак не ја крстив ќерка ми Митра, Димитра или Димитрина, Димитријана или било која друга кованица со Митра. Митра си е Митра во било каква верзија. А и башка некои од овие имиња ми звучеа мн Грчки. Мене термин ми беше на Св. Архангел, мојата куќна слава, но друго испадна. Така да и не мора да значи дека баш тогаш ќе се породиш.
Сум пишала и пак ќе пишам, имам другарка Стојна, ама ич не се срами од името, ниту пак некогаш спомнала дека нејзините ја осакатиле. Баш напротив она си го сака името Навредена ли се најде?! Безпотребно, шегаџиски го пишав коментарот Роми? Пола Шутка со девојчиња од 20год се Касандра и момчињата Ранду, на Луи Давид му беа лути, па го скокаа тоа име А потоа продолжија со Росалинда
Ете гледаш. Мене свеки ми се запна Димитрина. Ама не е русокоса и велам па да и ја пееме Димитрино русокосо девојче.  Да си го крстиш како тебе ти е мерак. Јас така направив. Мм ме подржа и кумовите исто. Никој друг.
Чил малку. Не живеам во МК, во МК да, на сите нешто им фали што ќе дадат такво име. И баш од тие што така мислат си патиме. Поентата беше дека ако имињата одат во континуитет, никој нема да мисли дека некому нешто фали што дал такво име, ама тоа е што е. Немаше потреба од таква дрскост.
Мене лично не ми се допаѓаат имињата што завршуваат на КА, некако старински ми звучат, дури ни сопственото не си го сакам ради истата причина, ама кратеницата си ја сакам Модерни сакам, ама ич не ги сакам оние увозните трендови Ставање име по празник ич не сакам, исто старински ми е, порано така ги именувале, а со тоа и памтеле од прилика кој кога е роден, ептен ако веќе има име ставено на некој светец па следно се погоди во тој период се идело на некое друго име. Ако се роди баш на празник ти секако ќе го славиш празникот, не мора името ако не ти е по ќејф да го ставиш За изборот на името, треба да биде исклучиво на родителите и никој друг, какви баби, какви кумови...
А која е поентата едни исти имиња да се вртат постојано? Нормално дека се менуваат трендовите со имињата, тоа е така насекаде, не само во Македонија (пошто гледам дека тоа го инсинуираш). Но пак ќе кажам, ако толку ти значи континуитетот, почни од себе и прекрсти се во Василка. И каде тоа во странство секое второ дете се вика Ставре, Петко и Слободанка?
И овде има така, претпоставувам секаде, пример ќе слушнам некое име претходно што го немам слушнато и маж ми рекол - ах тоа е старо. Ама некои посебни заебанции да се праат не.. Василка претпоставувам е кованица од грчкото Василики, ама ние имаме и соодветен превод Босилка. Овде секоја втора е Босилка и ќе се искоментира дека е старо ама толку е. Е на пример, заштитник на островов е Св. Спиридон и секој 2 дечко е Спирос. И ние го имаме името во МК, ама мене ете тоа па ич не ми се свиѓа. Летото истрча покрај мене девојче нз дали имаше 2 годинки и викнаа по неа Перса. Кај нас веќе и да не се користи тоа име. Ама девојчето беше такво преслатко, се збунив што го слушнав баш тоа име, ама добив друга перцепција за името. Секако, за мене си зборам. Нормално дека секој ќе си крсти како што си милува. Единствено булинг ради име ми смета, па кај нас и да ти се свиѓа некое, ќе мораш да мислиш дали и од околина ќе е прифатено за утре да не ти го зезаат детето.
Неодамна јас крстив бебче Ставре,нормално по желба на родителите,т.е дедото де. Искрено ,баш ми е безвеза името. Ама најмногу ми беше жал оти мајката беше приморана така да се крсти синот И јас здравје ако имам ќерка еден ден ќе и дадам име Ристена,по свекрва ми,ама јас со песна и со огромен ќеиф ќе и го дадам тоа име. Иако можеби кога ќе размислам скоро па воопшто не ми се допаѓа Само нека се раѓаат деца , тоа е најважното
Човекот го краси името. Лично, Василка/Васил ми се многу убави имиња. Субјективна сум на темава малку, ама пак ќе речам - до човекот е. А и ако ми е точно кажано, за малку не се викам Василка. Па и Василија е навистина убаво име. И не го сфаќам моментот кога на некого му се исмеваме за името. Особено па за името шо решил да го даде на свое дете. Шо е толку трагично ако некој се вика Трајанка или Благојка или Цветанка а не Сара или Миа? Јас имам интернационално име, ама во македонска верзија, со Ј шо странците си ја читаат кога Џ, кога Ж. Кај ќе ми беше крајот ако сите ми се смееја заради името таму некаде низ светот? Баш во ова денешно време сите се внимателни и прашуваат како точно се изговара. Старо-ново... битно ли е? Нека е живо и здраво и да порасне да биде човек, па за друго...
Не се исти имиња. Многу се. Не дека треба да те занима, ама да живеев во МК и да не бев во мешан брак ќе си го продолжев континуитетот. А ќе го продолжев и без тоа оти од сопругот добив целосна слобода околу избор на име, и ако од имињата што ги сакав одговараа на презимето на маж ми. Ама не најдов такво и не сакав името да звучи како “Мајкл Јовановски.” Моето име очигледно по твои критериуми е веќе старомодно, па чему да го сменам. Во Грција. Ставрос, Параскевос, Елефтерија.
Јас како личност што исто така е крстена по баба, и која искрено не може да си го поднесе името (еве темава ме потсети конечно да се распрашам за процедурата за менување име) ќе ти дадам еден најдобронамерен совет - малку модифицирана форма од тоа име. Кристина/Христина се убави имиња, а сепак доволно слични со Ристена, ем убаво име, ем свекрвата испоштувана. Сепак најбитно е нели да добиеш ќерка и искрено ти го посакувам тоа.
Mene pa Mia voopsto ne mi se dopagja. Pre bi krstila dete Vasilka otkolku Mia. Sara mi e ok, ama mnogu cesto e isto kako Jana,Kalina,Darija. Sekoj si ima vkus,ama jas sakam poretko ime,pa i da e postaromodno.