Ристена кога ќе порасне ќе ти удри една таква заушка што ушите ќе ти свират три дена Најдобро е да тргнеме од интересот на детето. Пример ако живее во странство треба да има интернационално име кое е полесно за изговарање да не му биде терет цел живот да повторува на “извинете како се викате?”. Значи од интерес на детето не може да го крстиш Јован во Англија или Америка. Треба да размислиш како ќе му биде понатаму. За нас како возрасни е лесно да се разбереме, но како деца во ова време каде булингот е на највисок степен во светски рамки едноставно внимавајте претходно на се. Разговаравме за Македонија и уште јас кога одев основно до 1998 имињата беа први на тапет, па очилата, па ушите итн. За кеиф на свекрвата ќе си го разболете детето. Подобро стави му име како Александра, Марија и Елена отколку да ги уништите со вакви Ристенка, Митренка, Спасенка, Тодорка итн.
Децата ќе се потсмеваат ако ние ги научиме да се потсмеваат.Децата ќе бегаат од дете со аутизам ако ние не ги научиме да прифатат поразлични деца од него итн. Името е желба на родителите и само родителите.Од каде ние да знаеме дека на нашето дете утре ќе му се свиѓа интернационално име???Можеби баш тоа нема да му се допадне.Затоа и се има можност после 18 промена на име. Ја знам некој кој стави име Благуна на дете во 21 век и не ја осакатија воопшто...
Оооо...колку модернисти имало на темава.... Замислете, детето ви има интернационално име, и од некоја причина си го замрази истото?! Што тогаш? Мислам, како можете да кажете дека некој си го унаказил детето? Да, децата може да се потсмеваат, ама ако родителите не се такви, ни децата нема да бидат. Ако вие, како возрасни, се исмевате дека некој детето си го крстил Стојан, детето нема да биде поназад, и тоа ќе се исмева. Убав пример давате. Моите деца имаат традиционални имиња, едното на свекорот, другото варијанта на името на прадедото, и од името на татко ми. Не гледам проблем ако одиме во странство од било која причина. Не можам на дете да му дадам име кое не одговара со презимето само за да може да биде интернационално прифатено. Не гледам дека кај нас еден Свен или Фриц се нешто исмевани. Комплекси се во прашање, или што?
@simona_baby Точно! Булингот над деца ќе се јавува се додека родителите ги учат така дома,односно дека е смешно некој да се вика Петранка. Со ќерка ми учеше девојче Перса,децата ја викаа Пепи и никој не и се потсмеваше за име. Се е до воспитувањето. Давањето интернационални имиња кои немаат никаква врска ни со потекло ни со националност,ни со презиме на семејството ми е глупост невидена,подлизување. Пр.Соседи го крстија девојчето Клара,а презимево македонско со тапија,безврска,не оди,толку бегање од македонски имиња говори за големи комплекси. И што да речеме ние што сме родени околу 1980 за имињата ,да одиме на колективна психотерапија ради имињата,што не ни се ни модерни ни интернационални.
И како што Билјана ја викаат Биле или Биби Така и Ристена моја ќе си ја викаат Ена Белким Ена ќе и се допадне ,да не ми мава ќотек
Традиционалистите одувек ме префрлале на друга планета. Таму во тој замислен свет е се поинаку. За жал во реалноста има толку прости луѓе со затворени погледи кои 1890 генерации да се сменат они ќе останат со ист ков. И затоа ќе им ги извадат имињата низ нос. И затоа ќе прават протести во Неготинско за деца со посебни потреби. И ќе пријавуваат кај директорот деца со аутизам да бидат подалеку од нивното. И лицата со попреченост ќе мора да се движат по скали и да бидат исмевани. И слепите и глувите. И кучињата ќе ги трујат. И мачките ќе ги фрлаат деца од деветти спрат ради забава. И да не редам понатаму за реалните проблеми. Голема среќа би било да бидат сите со модерни сфаќања, но за жал не е така. Да го учам моето дете дека не треба на име да се смее го доживувам како испод част и веројатно детето би ми врзало шамар. Верувам и кај другите модернисти владее истиот принцип на хуманост и либералност.
Значи јас ќе го јадам кога девојчево ќе ми порасне. Има старинско име според многу од вас, и очигледно ќе биде предмет на потсмев еден ден. Ама тоа ќе биде показател колку родителите потфрлиле во воспитувањето. Исто како мене што ме малтретираа затоа што носам наочари, или брат ми затоа што дтка. Брат ми, братучед ми исто се со старински имиња и ги обожавам. Човекот го прави името, а не обратно. Никогаш во животов за ништо не сум малтретирала луѓе, а најмалку за име. Ако моето дете го прави тоа, тогаш грешката е во мене.
Па да. Нека биде Ристана подобро ,него ли на пр.Џесика Ивановска. Не треба да го учиш да не се смее. Детето учи од родителите,доволно е да ти да не се смееш ако некој крсти дете Трајанка. И тоа нема врска ни со традиционалисти ни со модернисти,ниту со други реални проблеми.
Трајанка за мене е узречица за која и веќе имам објаснувано низ темиве, огледало на се она што погоре споменав. Сигурно си помисли дека се смеам на Трајанки ради името А зошто да не биде Џесика Ивановска? Веројатно нагалено би била Цеце или?
Кога ке размислим , поарно Ристена да биде одколку името во кое мм е заљубен до уши Срна е неговиот избор
Моето е по празникот, термин ми беше 09.12 тогаш е голем празник Св. Ѓорѓија, се роди на 10.12 и доби скратена верзија од Ѓорѓија е па од прво, првите месеци од бременост воопшто не го сакав тоа име, а од ко се роди воопшто не ми беше битно како ќе се вика, оставив по желба на кумови, на сопругот.
Моето име е старовремско, јас воопшто не си го сакам, но не се сеќавам дека некој ми правел мајтап на сметка на името.