@Bubce38 Нека, нека. Моево од прабаба ми е дадено, ама е баш безвременско по мене, ама мајтапи Ана - банана миљон пати у детство. Па пак најубаво ми е. За брат ми, баба ми од Струмица до Скопје летнала, нели машко е, мислиш злато сере, и донела на мајка ми златно синџирче со буква С. Мојава у прашалници, "епа по дедо му Стојче или Столе". Хахахах... Среќа јас веќе сум го именувала брат ми кога сум и го галела мешето, Гого сум викала, па и ден денес надимак/кратеница на брат ми е тоа, нели не чинело на дете да му прекршуваш, "имало и тука нешто". За малиов никогаш не сум помислила на името Ведран, се ми се вртеа претходно како убави машки имиња Лука, Максим, Марко.. ама и пред да забременам сонував неколку пати бебе со тоа име, па реков ај може има нешто. А за Борјан, ангелчето, намерно дадено, борец, ама сите викаа еее по свекрва ти... немав намера тој период да се расправам или објаснувам со недоквакани. За женско, ако имам некогаш, уште од сега е пишано у камен Ема.
Тешко нејзе во такво окружење штом живее, ама коа некој би барал име на него да ставам јас ќе побарам он куќата да му ја препиши на детето. Ако му одговара не е проблем било кое име. Не ми е поентата да се ценкам со името на моето дете туку да сфатат дека тоа јас што ќе си го родам, што треба јас се да му пружам и ќе се вика како јас што сакам, а не некој си таму шо му било ќејф негово име да се стави. Нек си купе некое животиња и нека си ја крсти ко шо сака. Ние за машко име сме едногласни и двајцата, Андреј ни е одбрано уште одамна, за девојче би имало малце повуци - потегни, не ни се свиѓаат исти имиња.
Апла им кажа дедото дека ако му го стават неговото име све ке препише на Ставре. Додуше и навистина му препиша доста голем имот
Јас сеуште не го знам полот, ама со маж ми се договоривме ако биде женско Јана, ако е машко Јан, сепак ќе оставиме и место на кумовите, да дадат предлози ќе испочитуваме ако ни се допаѓаа нешто. Инаку ми се допаѓа Евгенија, Василија, Максим..
Немав потреба, не учев со прокондурени сељаци. Тие се тепаа, малтретираа деца и им се смееа за тоа какво име имаат. Е сега истите тие заминаа по Европа па од таму продаваат м*да за бубрези што е модерно, а што не.
мене па толку не ми се свиѓа што поарно стојко ќе го крстам одколку иан. Што знам. епа и јас сум иста. Затоа реков овде да попрашам. На крај изгледа ќе измислам некое од што сум пребирлива. ауу дарамрач ќе си го крстам ко така. По онај главнион на серијана бандини. Дарамрач Георгиевски,дарамрач мицкоски дарамрач блажески... Шта речи одговара а???
За нашето сопругот си го одбра и тоа дента кога ме примија во болница и убаво именце е и башка многу му одговара некако. Ако даде бог за 5 или 6 години да имам уште едно дете ќе оставам бато да му даде именце Ако дојде по грешка порано а бато мал незнае да каже ако биде дада ќе биде Илина или Калина а ако биде бато ќе Марин.
@Yowannty ако не па кажи некое грчко име еве јас по мое ќе си го направам и ќе си го крстиме детето не ама стварно македонскиве 80% ми се безвезе ајде еве странско ќе му дадам. Ионака тука сме ние нашите врсни ќе бидат. Ете сега мода се иан тара клара максимилијан не знам какви....
Се вика покондурени Фанке, покондурени. Си имала среќа Фанке. Сега смеј им се ти од среде Битола си заслужиле.
Да не сум пРокондурена сељанка и те како имам среќа. Јас не им се смеам не се ни смеев ни тогаш нема ни во иднина. Тие го правеа тоа и ќе го прават. Тие си знаат како им е
леле бе луѓе ме пресмеавте. Немам време да се расчитам баш мн по интернетов инаку ќе откопам некое име.
Ни ова хејтов за помодерните имиња не е океј. Ако сте за тоа дека секој треба по сопствена желба да си го именува детето, бидете до крај - истото важи и за модерни и интернационални имиња како и за постарите македонски. Различни мислења и вкус да (мене лично такви како Лана, Максим, Лука и слични ете ми звучат поубаво од традиционалните), потсмев - не. Е толку е едноставно...
Кој хејт кон модерни?Туку за имиња кои не одат со наши презимиња,ајде Хајди Ѓорѓевска. Не е соодветно име Клара,Бригита,Џејми,Хана ...не одат со наши презимиња,но ако сакаат родителите ќе си го крстат така,ама некому се и традиционалните убави и не треба да бидат исмевани. Максим ,Лука не се модерни имиња,туку првото е традиционално,второто по апостол. Има и дедовци со име Максим кај нас.