па вистина во право си,имаше на еден скеч од стенд ап со марјан георгиевски видео на оваа тема. Абе се пресмеав ајде ако не издислав. По песнана is this love Ha white snakes и виц имаше за ова
и овде 80% се ужас. Или не,јас сум терсене. Списокот ми се состои само од 3 имиња максим бојан и валентин
И јас за машки имиња сум тапа..да беше женско ќе не можев да одберам од омилените Нешто ми се вртат во глава Матеј, Дамјан, Марио,Јаков, Томи...
Од Ристена можеш Кристина или Христина да изведиш. Има мм роднини во Шведска постари, Ристанче ме викаат.
Томислав Уникатно. Не сум сретнала детенце со вакво име, а баш е убаво. Се едни исти имиња се вртат во последниве неколку години, од моја генерација како најпопуларни Алексадра, Марија и Александар, сега воопшто ги неам сретнато. Сите бебиња се викаат или Лука или Дамјан И да, ако веќе патите од комплекс за уникатни именциња мене далеку подобри ми се Адам и Данаил од Иан. И попатно па , Иван е далеку подоборо од Иан. Иан Стојаноски.
Edno Bebe go krstile Stojan. Gi sretnuvam vo grad I prasuvam Kako se vika bebeto I majkata Stojan mene iskreno glupo mi padna za imeto Po dedoto go krstile...... Bebeto nema seuste 1 God. ne go vikaat Stojan tuku Coka ili Stojance..... ..
Што има тебе да ти е глупо не ми е јасно? Нивно дете, нивен избор. На крајот... подобро Стојан отколку некоја прозападна кованица.
Стојан или Иан,не е толку важно,кој како сака нека си го крсти детето,но и да одговара сепак со презимето де...Знам дете Стојан,едно бело мило ангелче,и родителите не даваат никако другачие да го викаат-строго Стојан.И мило си е бе детето,шо дека е СтојанИ јас сакам кратки и современи имиња,но чинам се враќаат и кај нас традиционалните пак на мода.Вера,Зора на пр.ставаат.кои звучат ем традиционално ем современо,за разлика од Зорица,Верица кои се ставале порано под српско влијание..со наставка ЦА налиБитно кога ќе се стави едно име да си го викаат детето така,а не после 10 верзии..тоа покажува дека не ти е по кејф оригиналот
Не збориме за допаѓање и сакање. Тоа e неспорно. Спорно е фаворизирање на туѓи традиционални имиња кои воопшто не одат со наша култура,потекло ,презимиња па ич и итд.Ништо не се поразлични од Ранду или Касандра или Џесика А од друга страна страв од потсмевање ако се стави македонско традиционално име.
Се согласувам со апсолутно сè од пишаното, освен последната реченица која ти ја болдирав. Апсолутно е неточно тоа дека доколку милуваш да нарекуваш други (свое дете, роднини, пријатели, итн.) или дури и себе скратено, дека автоматски секогаш значи дека не го сакаш целосното име. Еве јас имам традиционално, долго, библиско име, и навистина многу си го сакам, но сепак имам неколку варијанти, скратени "прекари" по кои моите цел живот ми се обраќале и по кои самата сакам да ме нарекуваат. Исто и кога се работи за други, доколку ми дозволат, ги нарекувам со скратени верзии од имињата не оти не ми се по кејф целосните имиња, туку од милост. И секогаш почитувам доколку некој сака да го нарекуваат по цело име (или да им го нарекуваат детето така), па така и ги нарекувам, но сето тоа, пак ќе повторам, зависи од желбата на поединецот, а не од тоа што не е (според некои) убаво целосното дадено име.
Јас па воопшто не сакам кратенки, без разлика што се од милост. Големиот го научив да не дозволува да му го кратат името. И малиот планирам истото да го научам. Сум ставила одредени имиња на децата, сакам така да ги викаат. Не скратено, нагалено или не знам како. Ни јас не користам кратенки за нивните имиња, зошто некој друг да го прави тоа? Сега за сега не сум слушнала некој големиов да го вика скратено.
Ама ние токму тоа се трудиме да го објасниме дека не сакаме имињата да ни одат со македонската не/култура, потекло и презимиња. Еве јас не гледам ништо спорно во фаворизирање интернационални имиња. Во глобализација. Во свет без граници. Немам ни П од патриот. И сега ти мене ќе ме убедуваш за некаква си традиција јас да земам име кое не ми значи ништо за да бидам во духот на “културата на Македонија”. Ама јас не сакам ич да бидам дел од таа “култура”. Ич. Или Стојан и Ристенка да ми бидат модерни во Северна Македонија. Не може да ми бидат модерни. Оти не се модерни. Тие Стојан и Ристенка 99,9% сами на фб ќе се пишат поинаку како примерот кој го даде Перса Пепи ја викале нагалено. Ретко ретко некој да се гордее со името од дедо му Стојко. Пак ќе повторам децата имаат чудна фантазија. Перса побогу, Перса! И не е само модернизирање на имињата кај нас тоа е секаде низ земјите. И овде се ставаат интернационални имиња и во Италија и Франција. Јас ја имав во тесен круг Gina и Noach, Kiara и Франческа. Emily го одбрав со Y. Не оделе со презимето како бе не одело? Кој тоа одреди, одбор на патриоти? Епа ај Перса повеќе оди.
@FreeMind Па повеќе од јасно е мислам дека сакате да побегнете од се што би било поврзано со вашето македонско потекло. Колку и да си далеку и да сакаш да побегнеш,ти си пак дел од таа култура и си тука на македонски форум секојдневно со многу Василки,Трајанки,Стојанки и сл. Ти твоето име го смени ? Стави некое германско?
Имав огромна желба за долго име, само немав смислено специфично, ама маж ми кажа Марија и само тоа име и ниедно друго. Со месеци го молев и некоја друга идеја да даде зошто мојот цел список имиња не му се допаѓаа. И бидејќи за машко имам и јас само едно име, на крај реков ајде нека е по негова желба, за следното ако е машко веќе имам име, ако е женско пак ќе најдеме некое подолго И од секогаш викав подобро најпросечно име отколку "уникатно". Со оглед на тоа што иако секоја втора се викаше Марија во мое време, сега речиси воопшто го нема името, па сепак малата ќе ми биде со поретко име. Башка универзално, мислам во сите земји постои.