Да. Душичка греота. Не мораш да ми разјаснуваш читам и сама Јас велам дека Василка, Перса, Стојанка, Тодорка итн се трт имиња, вие викате мене не ми се допаѓаат инаку интересно звучат. Јас правам булинг, вие со Џесика Ивановска не. Вие децата си ги крстивте модерно и ќе ги убедувате овде другиве дека е баш убаво ако ја крсти Ристана. Нека ја крсти и Светлана ако сака мене лично ми е многу гајле туку да врти муабетот Искачаш на тараса и не цел глас си викаш по детето: Персооо качи се горе! Ова е класичен булинг кон своето дете пример
Па што се трткате тогаш со месеци за име? Стај му го на бебето името прво што ќе ти текне и крај, дали е Стојан или Стамен, или Перса небитно е, името не го прави човекот! Само пак никој на дело не ги спровел ставовите, сите пекаат за Василки и Трајанки а никој такво име не ставил, те маж ми не сакаше, те кумот не ме слушнал добро, ја му реков Богдан он Бојан слушнал...лицемерие на тони.
А Богдан е лошо име? Знам две-три деца во мое опкружување со тоа име. Не се исмејувани воопшто.Еве знам и Милан, моја братучетка така го крсти синот. А и Трајанка знам. Јас сакав доколку имав син, Трајче да се вика. Така што...
Ох бе фримајнд.. нашето “ми се свиѓа името Василка”, кое всушност е сосем нормално некој да го има, еве ги убеди сите да се прекрстат. Ама вашето 2 дневно исмевање со пробивање дно од ниски удари и тотално промашен концепт за булинг, беше колку да врти муабет. Ајде, нека ви биде.
Вашето е чисто лицемерие како примерот со Cosmi. Она за дете со име Перса вели греота девојчето. Ти го скакаш коментарот. Не ти се допаѓа. Јас велам името и е грдо ти велиш пробивам дно од ниски удари. Вели убаво е да си го крстиш детето Ристана, нејзиното се вика Матеа. За тоа зборувам јас, не оти Василка лично го прими.
Значи на девојка која си одбрала име Ристена, по своја воља и избор, јас треба да и кажам дека името е грдо, само ради името на моето дете, иначе е лицемерие? Врти колку сакаш. На ниеден родител не кажав дека името на детето му е грдо, а најмалку се потсмеав на нечиј избор и тоа нема да се деси.
Готово, ме предомисливте за името Ристена. Не ставам старовремско. Камерон ке си ја крстам керче. Евентуално Бритни. Син ако имам ке биде Џон.
Не сакав Ристана ! Ристена ми е желбата П.с после волку спомнувања на името немате претстава колку убаво почна да ми звучи РИСТЕНА! Најубаво име
Јас имам впечаток дека тие таму имаат 5 машки и 5 женски имиња не сум фан. Не би крстила дете ни Василка, ни Босилка, ни Слободанка. Моите родители носат модерни (за нивно време) имиња, јас сега од прабаби да копам - не. Не би крстила ни Кетрин, ни Каја, ама има сосема солидни универзални имиња што можат да се комбинираат со наши презимиња и сосема ок да звучи: Ана е такво име на пример. Еве не ми се јасни тие со Јоана, наместо Јована, некако кршење јазик ми е, ама нивно дете - нивен избор. Потешко е со машки имиња, да имам женско полесно ќе биде Машко буквално ни едно не ме бендисува освен она кое дм го носи Сакам мене убаво да ми звучи и на крајот, бирање на име за дете е ептен лична работа. Секако дека треба да се има осет, оти не е куче па да му е сеедно како ќе се вика, нели. Пријателка моја, Станка, официјално си го промени името. Не ја обвинувам. Ниту е звучно, ниту па има некое не знам какво значење. Имам роднина што децата си ги крсти по баби и дедовци, мене имињата не ми се убави ама ич, ама пак, нејзино си е.
Како и кај нас во одредени периоди се форсираат одредени имиња, а исто многу значи и местото каде живееш. Како кај нас на пример, како што Менде е типично Битолско и Наум Охридско. Мене пак полесно ми беше со машки имиња. На почеток кога ми велеа дека е машко одма Максим одбрав. Иако мајка ми, ми рече имала таа некој дедо таму Максим и во нејзино време велеле колку е старско името. Нормално е да ти звучи прво тебе убаво, и нормално е да не се сложуваме, тамам работа ако сите сакаме едни исти имиња. Целата поента е ако решиш девојчето да го крстиш Изолда, да не се потсмеваш на мајка оти крстила Ирена. Оти и на двете мајки тие имиња во тој момент им биле убави, и ниедна мајка не дала име со план да го унакаже детето, туку дала име што и се свиѓало без разлика дали на нас останатите ни се свиѓа, оти тоа е најмалце битно. Не е лично за тебе наменето, туку генерално зборам. Лично и мене многу работи ми немаат логика, и јас не сакам што јас и брат ми носиме имиња на баба и дедо, кои биле маж и жена, а сега ние со истите имиња сме брат и сестра. И не е до името тука, туку целата ситуација не ми се свиѓа. На некој не му е проблем така да крсти деца, ама сигурно нема да му се потсмевам, зошто мене не ми се свиѓа тој начин. Ниту ми се свиѓа на маж ми името, ама не праам заебанции на негова сметка. Не го бирав по име, а ни тој мене.
Со никој не се потсмевам, само чисто како муабет за традиција, култура, наследство, не ме интересира тоа. Авганистанско име ќе ставам ако ми звучи убаво. Па и презиме ќе ставам друго ако сметам дека е така подобро. Еве некои по празници даваат имиња. За мене тоа нема смисла, оти не сум верник нели. Ама ако некој реши дете да му се вика Харалампие... ок. Дали јас би? Ни под разно. Тоа е сега модерно инаку, форсирање на "стари" имиња. Има стари имиња што се пристојни, ама навистина, онака искрени скроз да бидеме, кој ќе крсти дете Југослав, на пример, денес? Не е во ред подбивање со никого, ама овде не се подбивам, само зборувам за сопствениот вкус, во кој 98% од македонските православни имиња не ми се убави. Посебно не оние кои моите баби, дедовци, и нивните браќа и сестри ги носеле. Инаку познавате некоја Матрона? Бреза? Арон? Урсула? Тит? Сите си се во календарчето на МПЦ. Заедно со еден куп други кои никој не ги користи. Има причина - не се звучни за ушите на повеќето. Како што ни Стојко не е. Да се зезам со некој Стојко нема. Ама дека мислам дека има лошо име, мислам.
Не требa дa мислите сaмo вaс дa ви е убaвo или бетер -нa свекoрoт или свекрвaтa ќеиф дa нaпрaвите, мислите мaлку и нa дететo. Тукa вoзрaсни сме пa знaеме дa се пoтсмевaме нa нечие име, штo oстaнaлo зa децa кoи збoрувaaт штo им пaѓa нa пaмет без филтер и вaшетo oд другa стрaнa вo рaнливи гoдини. И кaкo се пoврзувaте сo имињa кoи ви се дaлечни не ми е бaш јaснo. Мене ми се туѓи стрaнски имињa пa некaкo не ги пoврзувaм сo мoе дете, oсвен некoи штo звучaт пoуниверзaлнo. Истo и мнoгу стaрински ми се стрaни, нештo измеѓу ми е oк. И битнo е кaде рaстеш или кaде плaнирaш дa рaстеш дете. Џесикa Стoјaнoвскa вo Америкa е oк, вo Пехчевo не бaш. Зoштo? Зaтoa штo Стoјaнoвски oтишле вo нивнa држaвa дa живеaт и рaбoтaт и сo тек нa време спoнтaнo се приклoпувaaт нa тoј нaчин нa живoт. Кoгa Америте ќе идaт вo Мaкедoнијa дa живеaт и рaбoтaт тoгaш верoјaтнo ќе земaaт нaши имињa. Секoј се прилaгoдувa нa oкoлинaтa честo зaрaди чувствo нa близинa и припaднoст. Кoј сaкa преку иметo нa дететo дa се oтцепи oд Мaкедoнијa не знaм кoлку ќе му успее
Мене Стојанка или Достана не ми се свиѓа,ама нема да се потсмевам,наше си е,старо ама наше и оди со наше презиме,и ако некој сака да си го крсти Стојанка,зошто не? Ама ако лично сака,а не зошто мора да го крсти по свекрвата,тоа е многу греота. Јас да имав машко ќе го крстев Никола. Странски традиционални,интенационални имиња не одат,поради етимологијата на презимето кои најчесто се на мак.имиња. Тогаш треба и презимето да се смени. Во Хрватска имаат Хрвоје и си го ставаат без проблем и оди кј нив. Кај нас не оди тоа име,нивно е. Исто како што не оди ни Немања ни Иан ни Франческа што го спомна,туѓи традиционални имиња се. Има две верзии за потеклото на Хана еврејско и арапско/муслиманско,двете верзии говорат дека е нивно име,често кај муслиманите.
Ја следам дискусијава од вчера ама дека немам дете, не ми беше пријатно да пишам ама морам нешто да искоментирам, дека ептен ми падна во очи. Прво да си кажам дека сум двоен хејтер, ни Трајанка ни Џесика ми се свиѓаат. Ако не па, ај и Тифани Подеднакво ми се екстремни и двете како за во Македонија. Нормално дека ако живееш надвор, (ако сакаш нели), ќе дадеш име кое е типично за тоа подрајче. Ама во Македонија Гвен Стефани или Џорџ Мајкл, колку сакаш голем фан биди, едноставно не ми одат. Истото важи и за Трајанка, Митра, Перса итн. Премногу се застарени. И во времето на нашите родители важеле за стари, „бапски“ имиња, а не па сега. И Стојко, леле Стојко. Еве не знам кој родител би ставил денеска име на сирото дете Стојко, име што се користи како еуфемизам за пенис. За една школска (од друг клас) дознав како вистински се вика дури кога матуриравме, од Алманахот. Нема да ме чуди и да го сменила името. Другар мој, со ептен старовремско име, по дедо му, цел живот се претставува со прекар. И не зошто ние сме нација што сака да крати имиња, туку зошто прва реакција на луѓето е да го потпрашаат „Како извини?“ дека српско е името и следна реакција е дискретен, малку сожалив поглед (дека млад дечко „украсен“ со такво име за навек) И џабе се правиме тука опен- мајндед кога ЗНАМ!!! кои биле реакциите кога се зборело за спорните имиња. „Сирото дете, кај му го нашле тоа име? Веројатно по свекрва или свекор... “ Никој на никого не му се смеел, ама коментари имало. И ќе има. И освен ако не живеете во некое фиктивно совршено општество на виножита, еднорози и колачиња, детето ќе го јаде од врсниците па макар се викако Перса или Рејчел. Зошто веројатно сте заборавиле колку се сурови децата. Вие ќе ги научите вашите да не бидат bullies, ама другите родители баш ќе го поттикуваат тоа однесување и ќе бидат горди на своите деца. Ние сега може на сто страни да пишуваме дека не е проблемот во името, туку во тие што ќе му се смеат на детето ама реално, цената ќе ја платат малата Ристенка и малиот Стојко.