Едно време Петра беше аут и асоцираше на некоја стара подгрбавена бабичка со шамија, а сега е веќе модерно и светски, знам неколку девојчиња што го носат тоа име. Ако порано во секој клас имаше 5 Елени и 3 Марии, така е сега со Леа, Миа, Мила и слично. Откако помина еуфоријата со кратки имиња, се отиде во друга крајност- колку што може подолго и некоја кованица на црковно име со завршеток -ијан -ијана. Ќе помине и тој тренд, ќе дојде нешто ново. Само желбата на родителите нивното дете да биде специјално нема никогаш да помине.
Уште полошо ако е против твоја желба според празник наметнато за кое претходно се објаснуваш. Преубаво име има Матеа патем како внука ми.
Косми, ич не ми е гајле кој што говори и мисли. Како Хрвоје, така и Македонка постои. Ни едно не ми е убаво и ни едно лично не би одбрала. Имиња со македонско потекло се Живко, Стојко, Милка, Златко, Стамена, Стојна, Убавка... итн. Македонците имале навика да даваат имиња со значење разбирливо за нив, но ајде малку реално, Ивана, Симона, Моника, Светлана, Силвана, Горан, Зоран, Игор, Маријан, Ивана, Софија, Соња, Сања, Тијана, Тамара... еден куп има уште, ние сме ги прифатиле, но не се автохтони. Во еден момент биле "модерни" и необични. Само да не измешаме навики на македонското население со влијанието на сите окупатори, а секако и влијанието на југословенската, поточно српската пропаганда. Денес многу српски имиња ги сметаме за прифатливи баш поради српското влијание и мешањето на народите. Затоа не ни се чудни Јелена, Немања, Милош, Воислав... итн. Ако гледаме така, Немања Стојановски е исто што и Мишел Стојановска, или Зехра Стојановска или Хелга Стојановска. Или доста често, Драган Стојановски. Како што кажав, НИКОМУ НЕ СЕ ПОТСМЕВАМ, само не ми се јасни причините зошто некој бебе во 2019 би крстил Стамена. Ете не ми е јасно. Џесика ми е име за куче, така што ќе го исклучам од муабетов, оти ни мене не ми оди за човек, макар детето во Јужна Каролина да го родам. Ама, Ана, Хана, Ивана, Теодора, Сара, Мила, Александра, Викторија, Антонија, Софија, Моника, Анастасија, Елена, Мила, Маја, Марија, Магдалена, Катерина, Марина, Мартина, Стефанија, Емилија... Иван, Јован, Бојан, Марко, Александар, Антонио, Стефан, Филип... се секако многу подобар избор од Стојко, Стамен, Харалампие, Трајко, Стојна, Перса, Петранка, Трајанка итн.
Арон Спелинг, (продуцентот) Тит Ливие (римски историчар, кој учел Римско знае), Урсула Андерс (глумицата)... ха ха никој наш. Он топик, кога смислувавме име за ќерка ми, бев проттив да даваме име по некој предок, роднина, свекор, скерва, баба, дедо, како и да е. Свое име, свој живот, своја судбина.
Ова е целата поента. Да не се потсмеваме. А нас апсолутно не мора да ни е јасно зошто некој избрал Стамена или Џесика. Битно ним им е јасно и тие си имаат нивни причини. Ние треба да не учествуваме во процес на комплесирање дете поради име, само оти за нас нема логика и не ни е јасно. Ја верувам дека ти тоа не би го напраила, и мене многу работи ми немаат логика и не ми се јасни, секако ќе имаш/имам став, ама јас и ти нема да се дрзнеме да и кажеме на некоја мајка дека името е грдо и го осакатила детето или на самото дете, овде не знаеме кој се чита, ама ете мнозинството ќе се смеат.
Таман работа. Какво смеење. Никому не би рекла дека е грдо, ама ајде да претпоставиме дека сум кума, и ми даваат 3 имиња, пример: Трајан, Стефан, Лео... Стефан ќе биде. И пошто веќе ме прашуваат, нели, ќе им кажам дека Трајан просто не е убаво, а Лео повеќе ми е како за куче име. А инаку, непрашана нема збор да кажам. Со тоа што е ова нели форум, па кажуваме сите повеќе него реално што на вистински човек пред нас би кажале
Море ако знам дека ќе добијам имот и пари би го крстила и Стојко или Стојка ако треба Шала настрана ама знам и такви примери,имињата се бетер и од Ристенка,ама тоа е,пари се у прашање. Иначе кај нас-југоистичниот дел на земјава,мн.често се кратат и унаказуваат убави имиња:Димитар-Мите,Васил-Васе,Ѓорги-Џоко/Џоче,Иван-Ване,Александар-Аце,Никола-Коле и обратно,не толку убави имиња се кратат или вадат прекари да се 'преулепшат'. Секако,индивидуално е кој дозволува кратенки или не,но муабетот е дека имаме убави македонски имиња,но поради тоа кратење и губење од убавината,и дека се пречести стануваат досадни. Мене лично ми се допаѓаат имиња како Бисера,Илина,кои изговорени со битолски акцент на пр.би звучеле баш милозвучно,но кај нас со акцентот на втората самогласка одма се груби името.Така да повеќе фактори влијаат во нечија одлука за име-материјална,изговор,потекло,патриотизам,и сл.и апсолутно секој си има право од свои лични причини да стави арапско,германско,или какво си сака име.
Кога има луѓе што презимето си го менуваат затоа што не им се допаѓа, значи размислете колку може да му пречи на некој име тогаш, па и јас да имав некое такво старо би го сменила. Среќа моите мислеле на тоа, мајка ми се водела по тоа ако сега и ставам име дали за 20г истото ќе и се допаѓа и не згрешила. Не ми е ни некое чудно, но не ми е ни старо, по баби некои ставено. Да не се правиме светици ама некоја да се вика Стојанка сега ни сама ќе го сака името, ни па со тоа ќе се претставува. Иначе во генерација имам девојче Василка, сите ја викаат Васе и така се претставува, а на интернет е пишана со некоја сосем друга скратеница. Кажете колку и е убаво што родителите решиле така да ја крстат, нема што. Исто и бившиот, младо 18г дете, крстен по прадедо му, секаде се претставуваше со кратенка и на интернет исто е пишан со кратенка и кажуваше дека ич не си го сака името и би го променил, но ради почит према неговите уште не го направил тоа. Значи, немојте, да бидеме искрени, ретко кој би бил задоволен со такво име што било актуелно пред 50-60-70год и сега е веќе ептен застарено. Но, не ми се свиѓаат ни такви имиња од тип Леа, Теа и не знам што, но подобро ми звучат во споредба со тоа некој млад човек да се вика Стојанка или Стојанчо. Еден ден кога ќе имам дете нема да го правам посебна снегулка со некое ептен weird name за ова поднебје, нема да го крстам со име од баби или дедовци, нема да го крстам по празник, ќе го крстам со некое име што ќе размислам исто како мајка ми дали за 20г од сега ќе му е уште океј и нема да му е срам со истото да се престави. Крстете си ги како сакате децата, сепак се ваши, но сепак ако сме реални вистината е таа.
Ја отворам темава да се разонодам и да добијам идеја некоја, да ми текне некое убаво или име што сум го подзаборавила... Ве молам да не ја труеме со off секогаш имало и од тие што осудуваат и од тие што оправдуваат, не се пукајте Еве, да ве расположам, ќе ви кажам како комшивкава си ја крсти ќерката: ХИСЕЛА Имаше некоја популарна серија у моментот
Mozebi komentarov e odamna,ama mi sega prelistav slucajno vo temava. Jas ziveeam vo Amerika I sin mi e 4 godini I de vika Jovan ,ne bilo nametno moja zelba mene mi de svigashe,I nema nikakov problem sekade go vikat Jovan kako sto I sam se pretstavuva. De izvinuvam za latinica I greskite Nabrzina isprativ
Денес прв пат сретнав име Господин. На бебе.. Никад не сум го слушнала до сега. Не ми се допаѓа искрено. Кога ќе порасне ќе му се обраќаат со Господине Господин .. ? Маж ми запнал за второто здравје, ако е машко, да сме го крстеле Андреа Не е повеќе за женско имево? Познавам едно дете Андреа, ама сите АндреЈ го викаат, а ич не сакам такво ненамерно прекрстување..
Е ова е веќе фејл. Зошто? Нека е живо и здраво, тоа е. Знаете дека во Данска (а мислам и во некои други земји) мора прво да ви биде „одобрено“ името за детето од општината/совет пред да му го ставите? Да не се разбереме погрешно, ова, бар во Данска, не е направено за контрола на популацијата туку за да не забегуваат родителите со имиња како Хитлер, Господин, Влечалка и слично. Има листи на претходно одобрени имиња, патем. И да, се случува да ти одбијат име ако не е како што треба. Осеќам дека многу деца им се благодарни за ова... замисли да се викаш Адолф Хитлер (пинг @theowndemon ) само оти татко ти бил пијан кога те пријавувал во општина. п.с. Мене Андреа ми е многу убаво име. Унисекс, и за машки и за женски. Ако добро памтам, сум имала некој предок, прадедо, крстен Андреа, а знам и неколку адвокати по име Андреа.
Леле имам запознаено пред неколку години детенце по име Господин Да ми е да знам што ли мислеле кога решавале за име Се' ќе разберам, не мрчам за имиња, стварно ептен некогаш ретко може да кажам нешто, ама ова име ли е? Господин. Свашта