Е ова е најлошото досега име кое моите уши го слушнале! Господин! Добро ли разбрав? Господин како пример Господин Мите, Господин Господин Папа... За имиња не сум се пресмевала никогаш, ни како дете ни сега! Кога ќе слушнам некое затуцано старинско име на дете си помислувам - плачела некоја баба/дедо за име да му стават! Најчеато сум во право! А и од старинските има некои кои ми се допаѓаат. Марија, Катерина, Милица, Елена... Има и од модерните имиња кои не ми се допаѓаат! Иан, Бенџамин, Џесика... Овде помислувам дека родителите сакале нешто посебно, ама по мој вкус претерале да не кажам се посрале! Сепак не би им искоментирала ништо, не е моја работа. И од старинските и од модерните имиња има такви кои не ми се допаѓаат и такви кои ми се допаѓаат. На пример Стојанка не ми се допаѓа, а старото Вера ми е убаво. Давид модерното не ми се допаѓа затоа што е пречесто и не би го ставила на мое дете, а Андреа, Виктор, Бојан ми се преслатки. Иначе вкусови се во прашање, не може на сите исто да ни се допаѓа. Моите ќерки имат модерни имиња, на поголемата мм одбра име , на второто кумот одбра ( патем да кажам дека го нема да се јави да праша како е, важно за името инат ни тераше) Мене ми се убави именца, иако за второто сакав едно, кумот сакаше друго па испадна трето како желба на кумот. Јас небитна нели, голема работа дека ја носев 9 месеци и ќе ја чувам цел живот.
И на Бијонсе и Џеј Зи синот се вика Sir. Сигурно по него го добил името. Не сакам да осудувам за имиња, секој различно доживува име и нели за вкусови не се разговара, ама ова ме остави без зборови.
Па ова кумовиве па кога ќе се испозанесат тоа чудо е еј Кога јас би крштевала бебе, бебето ќе се вика како што ќе одлучи МАЈКАТА на бебето.
Имам неколку потенцијални имиња за малата госпоѓица која треба да се роди за некој месец: Софи, Емили, Иви и Теа... Не знам само ќе се одлучам сите ми се свиѓаат
Јас сум кума на близначиња, како мајката сакаше така ги крстивме. Од друга страна, мојот свекор иако не е ниту стар кум ни ништо (ново кумство е) запна на дедото да сме го крстеле машкото, постаро име така. Ај тоа да ми се објасни, тоа занесување ? Таткото на кумот става име Свашта. Еднаш во неколку месеци ќе се видиме, па уште јас да им измислувам имиња.. Исто и за моето дете,јас и мм си одбравме име кумовите само потврдија т.е ја крстија. И таму свекоров замеша штипки, на баба и името да го носела.. среќа не попуштија. Па се налути,па драми.. Извинете за офф.
Тоа детето Господин еден ден ако стане поглавар на МПЦ ќе биде Господин Господин Господин Мајка му кога ќе го кара: Господине ако те фатам... Добро готово
Здравје моите деца би сакала да имаат православни имиња кои не се толку чести како Александар, Никола, Стефан... но не би им ставила и некое име од кое би се срамеле кога ќе пораснат. Новите модерни имиња ретко ми се допаѓаат, повеќето ме асоцираат како име за на куче. А кај нас доаѓа овој тренд со ставање на "модерни имиња", па незнаеме што да измислиме за да бидеме пооригинални а всушност испаѓа глупост. Скоро го слушнав името Тадеа, на почеток ми беше чудно ама сега некако му се навикнав, иако у комбинација со презимето ич не ми оди. Патем, што мислите за Орце? Се двоумам некако, а голема желба му е на мм, ако имаме машко.
Во последно време некако ми се вртат низ глава овие имиња, па може ќе инспирирам некого машки: Војдан, Јаков, Алексеј, Михаил, Давид, Габриел женски: Антонија, Аника, Тијана, Срна, Евгенија