Мајка ми си го имала сменето името на 14 со дозвола на родителите. Си се прекрстила во сите документи итн. Законски Едноставно воопшто не и се допаѓало си турила модерна верзија на името И решен проблем По прабаба и била крстена
Порано у маало имаше двајца браќа Орце и Ивица. Кога ќе ми текне колку ги зезаа дека биле Ќош и Мало оро, дури незгодно ми паѓа Без навреда ама и мене Орце воопшто не ми се свиѓа. Посебно не за во денешно време. Децата знаат да бидат сурови, па пазете какво име бирате. Да не се чудите после зошто на 18г. го сменил/а името Инаку пред некое време слушнав мајка викаше по помало девојче Версаче
Јас во времето (пред да почнам убаво да зборувам) така го викав братучед ми Слушав сите викаа по него Бојан/Бојанче...а јас го викав Бокал/Бокалче А брат му го викав Бакалче...Бокалче и Бакалче Ме потсети сега сама си се смеам
Ова е за некои како мене што не памтат имиња, за да не го заборавиш А овај гарант цел град го знае. Нема утка.
Намерно не сакале Дебора (иако и тоа име не ми звучи убаво за нашиве простори), сакале да бидат поразлични.
Мајки кое име ви се допаѓа повеќе, Мелани (Меланија) или Орхидеја? Влагам во 36 недела, уште име немаме
А што ако се поразлични? Ќе добијат орден? Кој како сака нека си го крсти детето, ама ова со Сакам да е уникатно името....на мене ми е претеризам.