и една од моја генерација си го смени името,се викаше цвета а се преименува во цвете што и менувало една буква навистина не знам
Јас не сум сретнала дете со некое старовремско име. На пример - Васка, Стојна, Цветанка, Трајанка..... Изгледа се искоренува традицијата.
За женско преубаво име ми е Леонтина, ама не би го ставила бидејќи сите ќе го кратат или во Тина или во Леона. Најверојатно кога ќе дојде ред Ана ќе биде. За машко немам омилено име, единствено Марко ми се допаѓа.
Не знам Џон. Според некои имам ставено на децата имиња за кучиња, ама досега немам сретнато куче со такво име.
Пред една недела си го шетав кучето Макс низ парк и едно дете и рече на мајка му која седеше со пријателка на клупа дека го викам, а она па и вели на другарка и: "остај на КУЧИШТЕНО му вика, младината ко што иде бетер и бетер, намерно му ставила детско име на животното пошо знаеш сеа младиве нејќат деца.." Ај си поќутев... No offense, but Макс Стојановски И уште ја крива.
Додека бев бремена со поголемиот, на сите им кажував дека детето ќе се вика Леонардо. А само се зафркавав. Ми упатуваа чудни погледи.
А што има врска дали нечие дете и нечие куче ќе имаат исто име. Очигледно и на двете страни им се допаѓа името и тоа е тоа. Како е навреда ако нечие куче има име како моето дете? Не знам што подразбирате по имиња за куче? Да не има некој список, како што има со православни имиња Мене полоша варијанта ми е што сега 90% од децата се викат исто како на пр.Лука, Матеј. По истата логика кога ќе викнат по детето во парк ќе и дојдат уште 5 деца
Околу мене машките деца се или Лука или Максим. Лука тешко ќе му направат кратенка (или нагалено-Лукче), ама очекувам Максим да биде скратен во Макс Па од таму ќе дојде до Лудиот Макс и ќе биде интересно. едит. Каја е преубаво име. Последниве години ептен важи за „кучешко“, ама мене многу ми се допаѓа.
Дааааа Тоа ми беше омилената песна кога бев мала. Од сите тогашни песни, таа ми беше најнај. Ептен го сакав и бендот, и пејачот, ама песната... Ептен љубов ми беше
Нема ништо лошо, само на животно обично даваме имиња кратки, па и смешни - еве Праска ми се викаше едното... не знам, јас на животно не би дала "сериозно" име, не ми оди кучето Мартин да го викам На кучето му е сеедно како се вика, на човек не му е...