Ја имав куче Мики се викаше. Мачор Жарко и мачка Цвета. Шо има врска, име си е име. Битно е на родителите да им се свиѓа и како народ да научиме да не се потсмеваме и исмеваме на нечие име.
@theowndemon Имаш конкуренција. Мачката моја Тара се вика. Не знам дали е соодветно, ама скроз и одговара. Него, предлог машки имиња? Ни едно не ми е на мерак. Не знам што е со мене. Ќе дојде време да се породам, дете Безименко ќе крстам.
Кажи какво ти е по кеиф прво. Кратко, долго, наше, странско, интернационално, модерно или традиционално, потекло грчко, хебрејско, латинско?
Едни три близначиња мачиња Бенито 1, Бенито 2 и Бенито 3 се. Па са види ти. Во глобала пошто не знаев дека се три мачиња и мислев дека е едно, ама нема врска то ахахха
Леле не знам. Дај предлози. И грчко би ставила ако ме бендиса. Веројатно интернационално, модерно, повеќе на мерак. Девојчињата имаат такви. А и презимето ни е специфично. Сеедно дали долго или кратко. Ќерка сака Филип, ама не ми иде со презимето ич. Иначе, не ми звучи лошо името. Ама ете, за ни едно до сега не можам да речам, тоа е тоа. Па добро. Си можела и Мусолини 1, 2, 3. Абе леле, единствена си.
Ни едно животно ми нема "нормално" име Тара ми е човечко за мои стандарди Машко име... како се викаше свекор ти?
Како бре го гледаш во фацата мутава и Жарко му викаш Јас моиве не сум убедена дека баш си ги знаат имињата, оти зависно од приликите им ги менувам во Прасе, Ушко, Смрдле, Опаш, Ќорче, Гомце, Туфле...
Кога не знаев пол на беболино, си измислив дека е женско. Па ми беше криво што ја крстив Тара мачката, оти името ќе си го ставев на листата имиња за беба. Иначе, не би на свекор. Не ме бендисува името, а и не сум тој тип да идам по таква традиција. За ќерка број 1 извадив варијација од името на свеки, ама на крајот друго одлучив.
Петар, Михаил, Максим, Климент.. овие ми текнаа сега и дури понекогаш имам желба за повеќе деца да можам сите имиња што ми се допаѓаат да им ги ставам п.с. имам веќе пишано дека не ми се допаѓаат новите модерни имиња, бидејќи имаме многу убави наши и плус не одговараат и смешно звучат со нашите презимиња. Плус прашање, што мислите за Јордан?
Константин, Марко, Теодор, Давид, Данаил, Илијан, Витан, Видан, Виктор. И наши и светски. На овие ми текнува во моментов. Типични грчки не ми се свиѓаат. Маж ми 2 има и ниедно не ме бендисува. @CameliaMiller тој мачор беше нешто најпаметно на свет. Жарко, Жаре, Жаки, Жарче, Жаренце, како и да го викнев знаеше дека е тој и ќе се појавеше во двор. Иначе крстен беше по симпатијата на другарка ми. Брат му негов беше крстен по мојот симпатија Даме Ама него ми го дигна некој од двор многу брзо, а Жаре ми остана и си умре од старост.
@Lianna Anna кога мислевме дека се машки (јок, двете женски се), фаворити ни беа Јан, Алексеј, Јаков и Марко. Може имаше уште некое, треба да го прашам маж ми. Јан мислам дека ќе победеше
Тоа можеби го има по селата. Сум приметила да стават старо име. На пример, да мора да се вика по дедото/бабата. Ако бабата се вика Трпана, јас да ја крстам ќерка ми Трпана???
Аман сите деца минативе 10 години се Лука, Михаил, Максим, Матеј... поарно да се вратиме малце на генерацијата на нашиве и нашава, Игор, Горан, Иван, Мартин, Петар, Димитар, Виктор... не сум чула скоро дете со вакво име...
Јас викам вие Мари(ј)а да ја крстите женската. И грчко, и наше, и светско Марија само едно мало девојче знам. А мене ми е баш онака, име што нема да излезе од мода никогаш.
Си има мојата име мор. Марија и Елена и мене многу ме бендисуваа, ама ги имаме во фамилија од двете страни, и плус можат да се кратат што не сакам модифицирање од оригиналното име. Па мислам дека најдов име што не може да се крати, и ако некој успее да го скрати ќе си каснам од газов.
Мене омилено машко име ми е името на мим. И секогаш викав машко дете така ќе крстам. Ама бидна партнерот, па во случај на син ќе треба да смислам друго, не, не би го крстила мим Џуниор. Да не можам на раат да си се изнавикам на едниот, одма другиот во одбрана да дојде Немам сега омилено машко име, ама ми се допаѓа Антониј, Лазар, Оливер..