Мор нисам знајала Да ми го пишеш да видиме дал ќе ти го одобрам Ич нејќам и јас кратење, и покрај тоа што ќерка би крстила буквално Камелија или Корнелија, знам дека ќе кратат (ве теститав сите овие години и сите Каме ме викате ) може на крај Ана ќе ја крстам... скратете да ве видам мамицу ви
Ќе го продолжат - Анче. Никако не си. Прифатете си ја судбината дека имињата на вашите деца ќе бидат изменети, дури попрво од вас може тоа да се случи
@CameliaMiller крсти ја ќерка ти Ана,па ке продолжиме во Анче,Аничка Инаку Петар е најчесто машко име кај новородените за 2018 во Мк,ова точна статистика е.
Пишано ми е неколку пати низ странициве Ирис. Нешто многу по ќеиф не ми беше, ама како поминува време ми се засвиѓа. Иначе и јас сакам долги имиња како Магдалена. Ама долго е и сите ќе ја викаат Магде, Маги, Меги... Иначе кога мислевме дека е машко одбравме Максим. И сеа погоре прочитав дека Макс може да е од Максим скратено и ми се скрши филм.
Андон, Антонио Бојан, Борјан Виктор, Валериј, Владимир Габриел Дамјан, Дарјан Ѓорѓи Емилијан Иван, Игор Јован Кристијан Леон Марко, Марин, Марио Нолан Оливер Павел Теон Филип Ако не може да се скрати, ќе се продужи Едно девојченце се вика Сара, сите Сарита и викаат
Анче? Ако сакаат да кратат ќе најдат начин. И мене ме ме викаат со кратенката. Некои не ни знаат како правилно се викам. И на мене името на маж ми ми е омилено. Ама не ми идеше така да крстам некое од децата. За женско имав име. На маж ми не му беше по мерак. Стрина му се вика така. Ама на мене баш ми беше гајле. Или ќе беше тоа или детето немаше да има име. Ама не бидна дуде.
@NarCis@ @John Snow @Harper е ама сте ме пресмеале со имињата за кучиња одам јас всело кај едни пријатели па слушам децата кучето си го викаат марко ама ми текна кога бевме мали братучед ми чуваше животињи зајаци мачки кучиња што знам уште што и сите имаа имиња дури во тефтерче си ги запишуваше, кај му текинаа не знам,после папагалите си ги викаше според ликови од турскине серии шта речи.
имавме ние пес смоки се викаше. Ама не можам да се сетам кој ли му го дал името епа не си сама,и јас сум пред пораѓај ама бебето изгледа БЕБЕ ќе се вика. Сите бе машки имиња ми се батал. ( нека ми прости машкиот род ) едино ми е впамет бојан ( името ) и никое друго а маж ми се запнал никако глупо е сакал мартин. А мене па мартин ми е.... после си викам вероватно ќе се вика според денот кога ќе се роди,односно нели според ако има празник на денот. Сакам да носи православно име а не Здравко за да биде здрав или Стојан за да стои или па мире за да е мирен. Нити па леонардо џон или макс.
вистина,имам читано и си велам ај што зар е можно вакво име да постои ама па да се стави во календарче како православно??
Од сите овие, Константин ми е најубаво. Ама го имаме од двете страни. Алексеј исто ме свиѓа многу. Не можам да одлучам. За женско е полесно. Ме свиѓа и Иан, ама на мм не му е на мерак. Јас ги одбрав имињата на девојчињата. Не би правел проблем ако и сега одберам. Ама гледам дека ич не му се свиѓа. Нема смисла толку да му кршам мерак. Патем, што мислите за Георг?
Убаво, ама тешко за изговор. Тера на Георги, што мене исто ми е некако "непрактично". Ама, желбата на родителите е најважна
Да, потешко е за изговор некако. И ние баш тоа го коментиравме. Ми го предложи другарка и засега стои до Алексеј на листата. Многу голема листа. Само две имиња. Не можам да разберам како може избор на име да ми биде толку голем проблем.
И јас би рекла потешко е за изговор. Григори(ј) ми е најблиску до ова Моиве не те бендисаа? Јас денес да треба да крстам дете Оливер или Лазар стварно би биле. Е јбг, Оли/Лазе ќе бидат, ама имињата ми се арни...