Имињата се убави, не дека не се. Ама нема некое што можам да речам еве тоа е. Не знам како да објаснам. До мене е проблемот. Мене не ми сметаат кратенки. Затоа ми е сеедно дали долго или кратко.
Алексеј ми е многу убаво име Јас мислам да не се мачиш со барање други имиња и ова да го земеш И нормално да ти е тешко да одбереш име, цел живот ќе го носи. Освен ако се вика Брокулче, тогаш најверојатно ќе го смени
@Lianna Anna Кристијан или со Х? Мене многу ме бендисува. Или, знам малце е проруско хахаха ама Сергеј е исто убаво име. И Маркијан.
А Евгениј? Максимилијан? Јас име без Ј би ставила. И онака се е насочено кон иселување многу проблеми при изговор тоа Ј им прави на луѓето.
Како ќе си ги научите децата така ќе се однесуваат. Јас сум крстена по мајка на татко му и никогаш не ми било гајле другите што мислат за моето име ниту сум се потсмеала на туѓо име. Немам никаков проблем ако маж ми сака син ни да се вика Трпе или Стојан или да биде крстен по татко му или мајка му. Важно е однесувањето на детето, чувствителноста, односот кон себе и другите. Почнете да се грижите за себе за вас да ви биде убаво и немајте лошо за другите, па ќе биде поубаво за сите. Мене името Орце ми е преубаво скратено е од Јордан.
Здраво девојки.Кое машко име би го одбрале за вашето бебе? Ние со мм не можеме да се договориме,тој сака Мики,а јас не го сакам тоа име ,вие што мослите?
Ние со сопругот се мислиме меѓу овие имиња-Кристијан,Даниел,Михаел,Максим,Матеј....сите ми се убави.....се мислиме.....
Убаво е името, мене многу ми се допаѓа. Ама мислам дека поубаво ќе биде да го крстите Михаел или Михаил, па нагалено да биде Мики
Јас по долго одбивање на многу имиња да најдам некое асално убаво име сепак сум за тоа да го носи името според празник кога ќе е роден. А според термин ми иде да се роди околу 19ти август кога е преображени христово па иако не ми е многу фејворит ќе биде христијан.
Па не е лошо Михаил Јас меѓу овие би бирала ако би имала син: Мартин, Кристијан, Давид, Матео, Марио, Александар, Максим.
Тоа само глупите амери го прават Никаде во европа не сум чула да го менуваат ј-то. А нашите имиња се баш поубави и позвучни со тоа "ј". И премногу се оптеретувате како ќе го викале во странство, или дека ќе му го крателе името. Надимаците од секогаш постоеле така што и да не му го скратат името, ќе добие некој друг надимак скроз ново измислен.