Се зависи како ќе ги научиш странците. Еднаш, два пати ќе ги корегираш и крај. Тука во Австралија индиски имиња со над 10 букви ги учат и знаат да ги изговараат а не па нашиве Македонски.
Моево име има милион кратенки, а нагалено ме викаат само мајка ми и мм. А имиња што навидум не се кратат по сплет на околности се модифицираат на разни начини небитно! Однапред предодреденост дека детево ќе замине странство исто ми е несфатливо. Определете ја барем и државата и дајте му име што потекнува оттаму, Џон, Крис, Олаф...
Прашање... Договорени бевме за името Емилија, Ема, ама нашите (а и маж) се прилично традиционални, ако се породам на св.Ана - има голема шанса, викат беба да биде Емилијана. Мислења??
За моето име и мајка ми и баба ми и кумата сакале различно име.Мајка ми сакала друго име ама не и дозволиле да го стави нели де да не се натрти бабата.И татко ми и сите други и вршле притисок да го стави името според баба ми па и така биднало.Кумата кога го чула името цела се накострешила и на крај го откажала кумството(на крајот ме крсти мајката на девојката што требаше да ми биде кума).Името треба да го даде само мајката бидејќи таа го носела детето 9 месеци и таа ќе се грижи понатака за него... Емилијана баш интересно и несекојдневно име.Ми се допаѓа.Ако и тебе ти се допаѓа тогаш во ред но ако не ти прави кеф стави си Емилија нема врска ако се роди на св.Ана кажи им дека сакаш Емилија и точка сепак ти го носиш детето а не некој друг.
има и тоа многу врска,ако дете се роди на празник си го влече името. Познавам случаи каде деца се родиле здрави прави на празник и им е дадено име по желба на старите па одеднаш детето добива чудни симптоми и болести па влечење по лекари испитувања прашувања по луѓе за на крај свештено лице да им каже дека до името е. Некои си го сменија името некои си се помирија со болестите.
Невистина ве разбирам( и јас спаѓам овде, секој момент чекам второ бебе) дека сте еуфорични и сакате секој детал да биде запазен. Со првото дете, имав страшно патолошка бременост и уште многу рано реков дека ако успееме да се избориме со се ова бебето ке се вика ....... Никој не прашав за мислење дали му се допаѓа или не, ниту пак некој ми се спротистави. Сега со второто после толку години, фала на Бога ги немав тие проблеми, и мм и син ми чувствуваат дека и тие сакаат да учествуваат во одредување на името. Околу предлозите не се слагаме, не дека се имињата лоши, но никогаш не сум ги помислила и не се мој стил. Но едно сум научила од претходното искуство, дека одкога ке се роди бебето толку многу се навикнуваме н името, како да се родило со се име, и понатаму во животот тоа станува и не толку битен детал. За мене е најважно да се роди живо и здраво, па по цена и Трајко да се вика. Не почеток се бунев зошто мојот предлог не им се допаѓа, но како ми се ближат деновите за пораѓај, чувствувам дека ке попуштам пред нивниот. Само да е живо и здраво, верувајте тоа е најважно.
Значи затоа јас се влечам по лекари, оти моите не ме крстиле по празникот на кој сум се родил. Фала ти. Конечно ми ја реши мистеријата.
Мислење за името или ситуацијата??? Ако е за името, прв пат го слушам, ама многу убаво звучи, Емилијана. Ептен ми се допадна!
Озбилна си за ова ?! Аииии Емилијана прв пат го слушам. И толку ми легна што посакав да имам ќерка со тоа име
па да и мене ми е чудно за неверниците кои одат под нож или како и да е па ни празик им значи ни ништо. Една моја колешка на св. Јован се породи господ го виде од маки тие два дена и глупо ќе беше да дадеше соврено име одколку име на оној кој бил со неа да ја избави од тие страдања. Ама кој како си сака кој како си мисли и кој како верува (неверува) никому не му се наметнува нечиј став и мислење. не знам за тебе,знам за тие што ги знам што проблеми имале.
@Mia Fuentes, прв пат го среќавам Емилијана ама преубаво е името Па и да не се роди на празникот, пак да си ја крстите така. Многу, многу убаво име!
Абе ај... Мојава требало Петкана да биде. Жива здрава е. Не е Петка. Тоа се народски верувања што, нормално, не се вистинити. Приказни што ги правеле луѓето, исто како кога удирале громови - Господ се љутел. Абе ај...
пак ќе речам кој како сака нека си прави,за мене не се глупости,глупост е човечкиот ум/неум (како што за вас е мојот)
За тоа дека секој треба да си прави како што сака се сложувам. Само не е убаво да речеш на некого дека ако не си го крсти детето по празникот на кој ќе е родено - ќе биде болежливо. Дека има врска - нема. А слободно верувај си во своето и прави како што сакаш, јас за тоа не велам дека е глупост. Тоа е твое верување.