Ема,Надја ми беа омилени дур мислев е дунде. Понекогаш си правам филмче,ако имам бекогаш второ и ако е женско како би се викало .... Меги ми се врти само, па дури и се заљубив во името Маж ми се крсти нормално
Ема во слична форма го имаме во потесна фамилија.. Сите имиња кои ми беа убави ги има или по маало или по внуки. Со мм имаме различен вкус. Тој за Елена е,јас против Не дека не ми се допаѓа ама ете не ми ПОСЕБНО. Мислам на крај на кумот ќе оставам,под услов да напише 10-15 па да изберам едно
Јас ако имав женско дефинитивно ќе беше Андреа. Ама ете не успеав да го искористам ни за второво. Сега имам 2 машки имиња шо едвај си ги најдов, ниедно не ми се свиѓаше за бебе мое. И не знам кое ми е поубо, Илин или Матео. Мајка ми ме зафркава вика свекрва ти Илинче ќе го вика, како и сѐ друго нагалено(па и пекара има таква). Па заради то не ми е баш баш. А маж пак така сака. На крај вистина со ждрепка ќе испадне да одлучиме.
@mal.ecka не знам дали ќе ти се бендиса, ама Лена мене ми е едно од поомилените. Таман со маж на пола пат. И Саша исто. Многу ми делува моќно.
Антоанета, Ангела, Андреа Бојана, Бисера Валерија Гала Дарија, Дора Елена, Елеонора, Ели, Екатерина, Емилија Ивана, Ирина Јана, Јована Кристина, Клара Лара, Лаура, Лорена, Лина, Лана, Лена, Леона Мартина, Марта Наташа, Наталија Рената Сара, Симона Теона Хана
Однапред се извинувам на сите кои ќе се најдат увредени, ама морам да кажам дека не ги можам овие модерни, странски, ''уникатни'', па некои и новокомпонирани имиња. Никој не мора да мисли како мене, ама па бар тука да се испукам мајку му. Мој предлог за девојки: Ана Александра Анета Аника Анѓа Ангела Борјана Билјана Бојана Бисера Весна Виолета Вера Гордана Даница Дејана Душица Деспина Ѓурѓа Елена Емилија Елизабета Ивана Илина Ирена Јана Јована Јулијана Калина Катерина Лидија Лена Љубица Марија Марта Магдалена Меглена Мира Марина Мартина Маријана Николина Нена Неда Нина Нада Огнена Олга Оливера Петра Павлина Сашка Сандра Смилјана Софија Светлана Теодора Тијана Фросина Христина За момци: Александар Андреј Атанас Анастас Бојан Борјан Вангел Васил Ведран Горан Гордан Горјан Димитар Дамјан Драган Дарко Далибор Дејан Ѓорѓи Иван Илија Илин Јане Јован Јосиф Костадин Константин Коста Љубомир Мирослав Марко Михаил Маријан Мартин Марин Наум Никола Огнен Оливер Петар ПавЛЕ а не ЕЛ Стефан Симеон Тихомир Теодор Филип Христијан Не викам дека се сите овие баш наши, но барем се во наша верзија и се од нашето поднебје, ако ништо, барем се навлезени во нашата традиција. Се надевам дека на некого помогнав во изборот.
Од она црковното календарче да не ги извади абе ај ти се молам! Секоја чест на исклучоци ама Далибор бе? и Павле со Ле не со Ел Ѓурѓа Ти се испука ама ја се изнасмеав, како и да е
Јас како атеист не поседувам црковно календарче. Некои иако апла верски имиња, ми се ок зошто ни се дел од културата и традицијата. А и на крајот реков, може не се баш наши сите до едно, ама барем се во наша форма, и по нашки си е Павле, а не Павел.
Абе со таа култура и традиција веќе преку такво, а и гледам што ни прават со државава ни култура ни традиција ќе остане ама ај, друга тема... ништо не им фали на тие имиња ама времето оди напред, треба да се прошират видиците, новитети се потребни, досадно е едни те исти имиња а и стварно не знам некој да крштева такви старински имиња освен ако не се работи за упикавање за наследство итн... Мислам кој нормален би си го крстил синот да речеме Мичо или Добромир,Далибор исти ми се тие, или Крсто.. абе ај.. знам дека доста се со истово мислење... имињата се општо познати и профатени ама штознам јас сум за некои нови и интересни, светот оди напред..
Не можам да се сложам, извини. Идентитетот го сочинуваат, јазик, култура и традиција. Денес по улица одат Иан, Лијам, Каин, Нала и Луна и зборуваат 80% англиски и 20% македонски, скоро па ниту еден збор не им текнува како е на македонски, ама затоа со англискиот проблем немаат. За која држава зборуваме ние кога идентитетот сами го менуваме? Никој не ни прави, сами правиме.