А бе Ѓурѓа можи не, ама и Лаура па ич! Кога се вели на имиња карактеристични за наше поднебје оти одма Ѓурѓа, Перса и Трајанка ги наведувате? Се мисли на други, отприлика како што се викаме ние, нашите братучеди, школски другари, а не претците на прабабите и прадедовци.
Искрена да бидам не би крстила дете Лаура ама не би ни Ѓурѓа. Ама почнаа да ми се допаѓаат имиња како Калина,Дамјана,Бисера, Орхидеја... По нашата Петра од форумов,почна и тоа име да ми се допаѓа. По едно слатко девојче се вљубив во Кирјана. Кога ќе го засакаме детенцето ќе го засакаме и именцето. Секој по вкус нека си тера.
Од ова име Леон веќе аман! Не знаете што да измислите и да биде уникатно па без врска, дојде ред ко порано шо крстувале по ликови од серии да се правиме. А нашите ќе ги запоставиме. И после не зае***а светот, нормално. А ниту Далибор ниту Павле не се смешни, баш напротив другото име е смешно. Дај Џек и Џенифер да крстиме!
А што му фали на Ѓурѓа а не му фали на Ѓорѓи на пример, ако смета што е многу на ''ѓ'', во ред, има и други наши прекрасни имиња, избор има, љубов кон сопствената култура нема. Набројав еден куп имиња, не ми се сите омилени, но со врзани очи би се сложила да бирам од оваа мојата листа, наместо да бидат на пример, Луна, Киа, Лиа, Кара, Итан, Лијам или Иан и итн. И да, зошто да не Ѓурѓа, поубаво ми е од сите ''модерни'' заедно. Сега ми текнуваат уште некои кои не ги спомнав, на пр. Лилјана, Владимир или Владо, Викторија, Зафир, Драгана, Драгомир, Томислав, Славе и Славица, Искра итн. Сигурна сум дека има и уште полно други убави. Не викам дека треба Трајан и Трајанка или Стојан и Стојна да се, тоа се имиња произлезени во минатото од мака, зошто порано многу дечиња им умирале, ама си имаме изобилие од убави имиња.
За девојче повеќе имиња ми текнуват , ама испадна дека ќе биди момче . Засега имам само неколку што ми се убави 1. Виктор 2. Стефан 3. .Давид 4. Алексеј Кажете друг предлог ?
А ќе видиш дека повторно некои од имињава ќе се вратат во мода, на пример Перса, што фали, потсеќа на Персија , Петра, древен град во Јордан, Петра е всушност женска форма на Петар, а Перса е варијација пак од тие имиња, ете и Јордан убаво а не ми текна вчера. Генерациите се презаситуваат од пречести имиња и потоа тие имиња се изоставуваат во неколку следни генерации за подоцна повторно да заживеат. Ете, го спомна Кирјана, денес многу почесто во скратена форма Кира, исто и Кирил кое го заборавив, ги нема, ги нема, па наплив, ама ако кога се работи за наши имиња, мене овие странскиве, претежно апла еврејски ми пречат.
Па така де, прекрасно , е не Итан, а глумат патриоти. Колку пријатно се изненадив пред една недела во парк, запознав едно девојченце кое се вика Љубица, ми се стопли душа искрено. Па само слушам како ги викаат околу мене, Клара, Катрин, Бриа, Луна, се прашувам дали се сериозни кога им ги ставаат имињава или се зафркаваат со сопствените деца...
Да, се зафркаваат со сопствените деца. Вие повеќе им ги сакате децата. И порано имало уникатни имиња, многу уникатни имиња знам во моја околина на луѓе во 4та, 5та па и 9та деценија од животот.
Јас кучињата како деца си ги сакам, не ги сметам за навредливи нивните имиња, ни најмалку, ама ете останало некои имиња да ни личат ко за милениче повеќе, за да ги разликуваме од човечките, не со лоша намера. Еве како некои луѓе ги земаат за навредливи тие имиња зошто ги носат миленици на пример. Ние имавме куче кое по педигре имаше тешко име за изговор и ние си направивме наша варијанта (човечко и тоа многу често име). Е на татко ми братучетка се вика така, се наљути женава, што да ти кажам, за инает зема куче и му го даде името на татко ми хахахахај , она мислеше дека ќе се навреди човекот, а татко ми па и рече ''леле фала што ми го заживеа името, одамна немам слушнато некој да се вика како мене''. Сега и син ми така се вика. @*Ench@nted* јас им ги сакам дечињата, да се сите живи и здрави и најсреќни, само не се сложувам со имињата. И јас знам возрасни со странски имиња, ниту едно од тие не е уникатно, само не е наше, и тоа мене лично ми пречи и сметам дека ја убива нашата култура и традиција. Тоа е мое мислење.
Имињата се динамична категорија. Сигурно 80 посто од имињава на твојава листа кога се појавиле на нашите простори биле сметани за модерни, странски и новокомпонирани. И имало теткици кои викале "Зошто Емилија, Александра, Марко и Мартин, кога може Румена, Павлина, Стојан и Здравко." А за неколку децении денешните модерни имиња ќе се сметаат за стари и традиционални. Нормална појава е тоа.
Без никој да се навреди, но овие денешниве имиња што ги ставаат како Леон погоре спомнат и останати ми се домапно животно, не за човек. Секој си има право да си го крсти детето, но 90% од новиве имиња што ги читам во темава не би ги ставила и трето да родам.
Претпоставувам дека мислиш се појавиле во периодот после втора светска војна, ама грешка си, од тогаш се ставани почесто, а не се ни за тогаш новокомпонирани, и сите имаат или значење на нашиот јазик или се прилагодени на нашето говорно подрачје, односно им е дадена наша форма според нашиот говор. Денес како у Америка, така и тука. Инаку ниту едно, ама ниту едно име освен Кирил, Наум и Методи/ј/а не се баш македонски, ако грешам исправка молам и прифаќам. Ама не може бе Клеа, Катрин, Мишел, Уна, Елиот, Итан итн да станат наши традиционални имиња.