Оф леле. Ништо, најдобро да се откажам од идејата да има смисла името во пасош зашто и онака од старт ќе биде осакатено со презимето. А со документи како одат работите јасно ми е. На сестра ми прво татково име и' го ставија нејзиното лично, после им ги заменија родителите на неа и зет ми, а имаат тотално различни презимиња, човекот е странец побогу. Фала ти, ќе си потупам глава уште малку со името, дали наше дали интернационално, на крај ќе кренам раце и ќе си има само локално овдешно па ќе си го викаме на прекар.
Мамички дајте предлог за машко име. Само да не почнува на буквата Д. Со години се вртат само исти имиња и стварно нема смисла. Чекам предлози.
Ставре, Трајко, Петко, Рајко, Трпе.... Ги нема многу одамна, стварно нема смисла да не се стави некое од тие. Ние заостанатите ќе си ставаме имиња што цело време се повторуваат
Ние името го мислевме додека имав болки и одевме во болница за пораѓај Имавме неколку имиња Јаков Михаил Матеј и Димитар. И јас така во болки си офкам мм ме прашува за име му реков кое ќе ми дојде прво кога ќе ме прашаат на боксот тоа Му го кажав името од кога му се јавив да му честитам дека станал татко Името на син ми е Димитар
Мене ми е убаво, а тоа за кратенките е како ќе почнат од дома и како ќе дозволат и ќе ги навикнат другите.
И мене ми беше пишано бебето новорпденче на... На трет ден му го решивме името И нас ни беа во опција Димитар и Михаил