Јас и мм уште додека бевме дечко и девојка се договоривме за женско име Анастасија. После многу години бидејќи многу долго одевме 10 години месец пред свадбата останав бремена и кога дознавме дека е женско знаевме дека е Анастасија немаше ни најмалку размислување.
Нина ми падна на памет, микс од Николина и Климентина. Мене Климентина не ми се допаѓа ич, и јас има шанса да се породам тогаш, ама Климент реков нема шанса
И мене Климентина не ми се допаѓа ич. Нина ми е убаво име, ама па ако е на празник не го носи името..
Нина ми прв избор,бидејќи преферирам кратки имиња Ника,Никита,Лина исто ми паѓаат на памет а се варијации од св.Никола. Климентина ми е на баш звучно,а и предолго за изговор,плус ме потсеќа на лектирата од основно”Пајажината на Климентина”
Не познавам никој со вакво име. Т.е го немам сретнато до сега. А сега толку убаво ми се виде , тоа е чудо
И јас не познавам некоја со тоа име. Мене со 1вото ми беше термин на св.Никола и додека не знаев пол си рековме ако е машко Никола, ако е женско Николија. Излезе Никола, ама женската верзија на името ми беше поомилена.
Од што ме потсеќа на ќерката на Весна Змијанац, нејќам да слушнам за ова име Да беше убава може и името ќе го разубавеше, ама е .. А на Николина што му фали....
Име си е име, не можеш поради некои персони што те нервираат да се откажеш од нешто што ти се допаѓа. Двете имиња се убави. Има имиња што ги носат и познати и некои од нас, па што сега треба од земја да се трескаме. Јас името по една српска пеачка сум го добила, колку и да не ми се допаѓа тоа, мое име е и си го сакам.