Стела,Лена,Срна,Калина а и Дона ми се свиѓа. Во последно време многу размислувам за женски имиња За сестра ми сите напнале да се вика Ѓурѓица ама мајка ми пуста се утепала од плачење На крај го добила најубавото православно име.
Според мене мајката треба да го има последниот збор. Јас на пример не дозволувам да ми даваат предлози освен ако не сум ги прашала. Многу си дозволуваат сите околу, мајка си е мајка, таа најмногу трпи и најмногу сака.
Како идеја,земи црковно календарче и барај само ко идеја од имињава..некое ке си скратиш,на некое буква ке му додадеш...Чекај кои на нас ни беа во игра..хмм..Гораст,Викторијан,Леон...А Давид убаво ама ставрно мн често ми се гледа сега....
Ќе купам во ГТЦ има продаваат, секоја година им купувам, срцки се луѓето Секако заедно до маж ми ќе одбереме, да ни е прифатливо на двајцата.
Калист, сега го слушнав било православно име, нз на која дата било, мислам декември бил празникот, интересно е
Леле и Дамјана е преубаво, јас многу сакав Дамјана ама освен овде на форумов не добив поддршка од околината, т.е. мм беше категорично против. Баш и лани ова време прашував овде за мислење помеѓу Дамјана, Антонија и Надја. Ептен сличен вкус за имиња имаме, и другите кои си ги напишала ми се убави, ама Дамјана ми е ептен.
На другар од мм жена се породи баш сега на св.Дамјан и Козма и си ја крстија ќеркичката Дамјана се стопив кога слушнав многу ми е убаво.
Лена и нас ни беше во потесен круг, ама се одлучивме за друго на крај, малата пресече Инаку преубаво е Лена
Знам две или три Дамјани од малечки кога се сега возрасни и многу убаво им легнуваат имињата и мислам дека немаат скратено име .
Вака кога ги читам овде сите имиња ми се убави Дечиња Само да се живи и здрави. За внучка кога ми го кажаа името како ќе е, воопшто не бев воодушевена Сега ми е најубаво Надја е она
На работа имаме една Лена, се срами од името, се претставува како Ленче и се лути кога ја викаат Лена. А колку е поубаво Лена отколку Ленче!
И јас сакав Лена, ама мм имал тетка некоја Ленче што ја викале баш Лена И затоа не сакаше. Следна ќерка ќе ми е Дина. Машко Филип и само Филип. Порано викав и два сина да имам двајцата Филип ќе ми се викаат. Како дете сите кукли и барбики Филип ми се викаа.