и мене ми е прекрасно името Анџелика, нема како да ја викаат скратено сакам така ако имам ќерка а може и Ангелика, а за машко незнам како би го крстила, може Андреј или Димитриј! здравје има време..
Кога се породи мојата кумашинка...сакаше бебето да се вика Матеј.... е арно ама додека беше бремена на зезање почнавме сите бебево уште неродено да го викаме Борче... и тоа си има своја приказна зошто баш така ама не е битно.... важно на нероден Петко ние капа му скроивме.... И сите бебево неродено Борче го викаа... и на мајкава интересно и беше.... дојде моментот, се породи и ми се јавува таткото ми вика кумо Борче се роди... ајде да е жив и здрав, викам сега име да му бараме. Кога затворив сфатив дека бебево восуштина си има име, било кое друго да му го дадеме ќе му биде само вишок. Мислам ова име се користеше нашироко сите така знаеа, дури и на фб му честитаа во смисла да е жив и здрав Борче. И таткото мислеше дека треба да остена така, јас реков вие договорете се. Мајката почна да плаче дека не било убаво името, ама она сама си е крива никој друг... И така остана Борче да се вика бебево, и право да ви кажам не го парви човекот името, туку ѕвездата што ја носи, а тоа толку мало има огромна ѕвезда
Ако бебушот е женско ке го крстиме Нена, а ако е машко има повеке избор-Лука,Матеј,Марко,Никола,Леон.........
Девојки ,дедо ми се викаше Мирослав,ми беше да речам татко бидејќи мојот вистински не е жив...дедо ми го замени и тоа премногу...лани почина,и сакам ако имам синче да се вика Миро а девојче Мирослава...што мислите вие како ви изгледа отстрана...?не е дека ја следам традицијата на наследување име,едноставно од преголема љубов би сакала така...некои ми велат дека името е старомодоно,но мене баш ми се допаѓа...
ако имам женско-а дај боже да е женско ќе биде Андреа,а ако е машко Горјан...многу го сакав Андреј ама денес секое второ е Андреј
Еј баш не е старомодно името Миро...а и Мирослава стварно убаво звучи.Мене ми се допаѓа Ако некогаш имам дете и биде девојче би сакала да се вика Катерина,а ако имам машко тогаш Дарко.
Ако е женско ќе го викам Стефанија, Теодора, Магдалена, Теона ... А ако е машко .. Давид, Виктор, Христијан, Мартин
За женско. би бирала помеѓу Ана, Ема, Ива. За машко, Кристофер, Габриел, Владимир. (Многу сакам да имам близначиња еден ден, го носиме генот во фамилија па се надевам )
Женско- Константина, Екатерина, Габриела, Естефанија, Лина, Кјара, Ани, Меглена, Изабел и многу други. Машко- Давор, Матеј, Лука.. тие Си сакам женско јас и се надевам тоа ќе добијам