Кај нас, листа со женски имиња се здеси кога дознав дека е женско, и на крај ниедно од листата не избравме. Маж ми сакаше на Н да почнува, во чест на татко му (почина пред да дознае дека ќе има внуче) и од опциите Нела, Нала, или Емили, Веда/Неда, на крај излезе Надја. Прво не ми „лепеше", сега некако сосем личи на неа.
@Shelea Надја ми е преслатко,на мм му било чудно. И на кумата и се допаднаа предлозите,рече остава на мене. Ама Бисера и било најубаво. Имам уште време.
Јас не ги сакам баш новите изведени имиња и претежно ми се свиѓаат традиционалните. Ама,нема правила и напротив на ќерка ми и ставивме име што ич не е традиционално. Се вика Срна. Има 6 месеци и баш е како срна. Кротка,плашлива,со крупни очиња. Повеќето од блиските негодуваа и не им се свиѓаше,ама полека,полека почнуваат да се навикнуваат. .
Хелоу! Денеска дознавме дека носам машко бебле. Е сега имаме малку проблем околу имиња. Имаме 2 на располагање : Марио и Давор. Сакам да не е толку често, а и двете ми се преубави Што мислите вие ?
И јас сум за Давор, ем што е поретко, а така преферираш. Од моја генерација познавам повеќемина по име Марио.
Матео, Лука, Максим, Давор, Мануел, Леон? Тие имиња ми се вртат во глава цело време..Мислење според вас?
Мислење? Не ви треба идни мајки мислење. Срцето ќе ви биде, мислењето,. Мене више ми се свиѓа Рајко, Трајко, тебе Петко, Цветко. Најважно е како ти сакаш да го крстиш тоа мало животче. Ситуација на која се сетив смешна.. Пријателка од моите оди да купува вирши од продавница за Бруно. (нејзино внуче). Пријател ја сретнува:-Кај одиш? -Еве купував виршли за Бруно. -Де бре, кучето многу со месо си го раните.
Бојана, сестра ми се вика така и има 24 год, па има уште некоја врсничка тука од 20-25 Бојана што ја знам... а мало девојче Бојана одамна немам сретнато, преубаво име ми е!
Ема и Инес. Каја е препрепречесто, Тара не е топлку често, ама ме потсетува на реката Тара, и ми делува малку тврдо, Бојана исто речно име е ок, ама другиве две ми се топ.