Татичко почна да си ја вика Нина уште кога дознавме дека е девојче, еднаш не рече како е бебето само по име . Иако имав друго име одбрано ако биде девојче сега не можам да замислам да се вика така. Нина ми стана најомилено
Ubavi se iminjata unazat vo temava, ama bre istite pa isti se vrtat nema nekoe unikatno site mi se isti, kaj mene vo maalo da povikas nekoj so imeto Marko deset deca ke se javat.
Аврам,Адам, Игнатиј, Козма, Никофор,Никита.. не знам какви уникатни бараш искрено единствено овие никој не ги става. И ја не ги сакам Максим,Лука, Марко затоа што се сега пречести ама реално кој би крстил дете Пантелемон.
Кога сме на тема уникатност... Некна се зачитав една статија за имиња на деца, за тоа како секоја генерација родители „копа“ децении наназад да најде „нови“ имиња што се всушност подзаборавени (кој е претплатен на њузлетерот на Њујорк Тајмс, веројатно ја добил во сандаче ) и знаете кој беше заклучокот? Ставете му име на детето кое што нема да му „отежнува“ во животот. Пример, различен спелинг од вообичаениот, кратење букви, додавање букви, итн. Да не мора на секое да се објаснува како се вика или како му се пишува името или како се чита. Тогаш, името не те служи тебе, ти му служиш него. Во Америка моментално владее трендот на исто име, различен спелинг, демек, за да нема други како него, што at the end of the day, е апсолутно непотребно комплицирање. Дефинитивно ме замисли статијава, јас имам топ име но и исто така, заради природата на работата, секојдневно имам проблем со едно Ј во името (земам пример - Марија - МариЏа) и доста често имам потреба да се објаснувам како се викам и како ми се чита името. Е точно, сите се доволно културни да прашаат и да запамтат, ама сепак. Тек допрва ќе се објаснувам со ј-то по сите документи. Уникатноста е фина работа но на крајот од денот, човекот го прави името, а не обратно. Бидете практични и нека не ве води желбата за уникатност како главна водилка, нема ништо лошо во Ана, Марија, Марко и Лука. Прекрасни имиња. Ако ви се свиѓаат вас лично, ставете ги, без разлика дали се ретки или чести. А ако сте во странство и детето треба цел живот да живее таму, пак ќе речам.... практиш, практиш, практиш. И Дамјан нема да биде Дамјан, ќе биде Дамџан или Дамжан у најдобр случај и Дамџан цел живот ќе објаснува како се вика.
Ами ако се мажам за овој дечко и родам дете, како да ќе нема доволно голема главоболка детето да го објасни презимето, уште јас му фалам да го крстам со 8-10 букви име, по можност испреплетено со Ј, Х и слични ми ти буквички внатре, за дополнителен шмек.