Баш затоа што живеам во странство, во предвид идаја имиња само што се и тука и кај нас во Македонија прифатливи. А тие имиња што кај нас имаат Ј слободно може таа буква да се тргне пример Мариа,Дамиан..
Сега се вратив да ѕирнам шо си пишала, топ име имаш одбрано. И лесно и кратко и секаде без проблем ќе помине. Муабетов ми беше, не мора од желба за уникатност да му го комплицираме животот на детето уште неродено, само оти некое име е пречесто/преретко.
Мој критериум за име е да звучи убаво. Небитно дали е ретко или често, сакам имиња што звучат моќно. А ич не мора да е уникатно и ретко. Еве пример Игнатиј. Прв пат го сретнав во темава и ич не ми е симпатично. Ниту пак, убаво звучи, а ретко име е.
Преубаво име Игнатиј и според мене . И јас сакам имиња православни... Но, проблем за , македонците во странство е "ј" , епа драги мој странци крштевајте си ги без "ј" . И без тоа во македонскиот литературен јазик не можи две самогласки да стојат една до друга ... така да размислувајте си таму по странски Дамиан Мариа Дориа ...секогаш се слуша Ј при изговор на името во мкд јазик .
Ako Ima unikatno ime ne znaci deka ke mu bide zivotot komlociran, pod unikatnost ne podrazbiram komliciranost moze da bide so tri bukvi
Доколку се решиме за Ема, мене ме буни, дали да биди со едно м или 2, баш поради тоа со комплицирањето. Колку што знам овде со 2 м го пишуваат тоа име.
Каде сте вие? Дуплирање консонанти е амерички повеќе,и да изгледа пофенси,изговорот си е тој.Ставете ја Ема,нема да има никаков проблем.За секоја официјализација се бара личен документ,а телефонски ке си нагласи со едно М и завршена работа
Не мораш воопшто да ја запишеш со две М, секако во Германија општо во странство се спеловат името, пример има и Анна и Ана или Сара се пишува таму Сарах, секако нема да и го ставиш тоа Х на крај ако има македонско државјанство, освен ако е твоја желба во овој случај да се вика Емма
Баба на пра дедо ми се викала Северина. Пра дедо ми беше роден 1909 умре 2000, тогаш имав 13 год. Секогаш мислев дека ако имам ќерка ќе ја крстам така ... но поради пејачката од хрватска не се осмелив.
Знам дека имам веќе пишувано на темава, ама по разговори со дечко ми, и двајцата сме заљубени во Јан за машко, ако некогаш имаме дете. Многу ми се свиѓа и Емилио, ама познавам еден таков и глупо ми е по него да ставам име, а и на дечко ми не му се свиѓа. Од женските, Марина, Ирина, Јана, Дар(и)ја ми се многу фини и што знам, мислам дека не се толку чести, бар не во мојата генерација.
Јас многу сакав син ми да се вика Јан, кога дознав дека сум бремена му кажав на маж ми дека ќе се вика Јан, он вика не, сигурно е женско и ќе биде Јана, и навистина е девојче. Чекаме само да видиме кога ќе излезе, ако е на празник, сега иде Св Никола, ќе биде некоја женска варијанта, ако не, ми мириса на Јана
Пошо се двоумиме со маж ми за второ име, ако има некој детенце или познава некој со две имиња нека ми каже каков е законот, праксата во Македонија. Тука каде што живеам второ име има скоро секој,доколку не е со - второто име никогаш не се изговара, единствено второто име може да се сретне на документ како извод на родени, а во школо, на работа никој и не знае дали некој има второ име. Секако ние ќе одлучиме со кое име ќе ја викаме ама ме буни примерот Ана Марија, Марија Луиза.. дали се рачуна за едно име или сепак две имиња? Освен тие две не сум слишнала друг пример.
И во Мк можеш на детето да му дадеш две имиња, а да си го викате како што сакате вие. Во документите ќе си стои целосно. Детето на моја другарка има едно име и две презимиња. Значи, немаш никакви ограничувања.
Добро за тоа како ние ќе го викаме знам можиме и Штрумф иако тоа нема да е негово име, прашувам за документи како пасош, здраствена карта, уписи во школо. Тука не е задолжително воопшто второто име да го има на документ освен во изводот на родени, се нагласува кое име е главното, кое е второ име.
Секаде ќе стои според извод. Како ќе си биде заведено, така. Во полиција кога ќе вади документи ќе си биде со две имиња, на школо итн.
Јас пред една недела дознав дека сум бремена и веќе размислувам за име е сега за девојче ми се допага Ина а за машко не знам. Проблем е што живеам во Австрија и сакам некое по универзално име. Предложете ми некое.
Давид, Филип, Симон, Теодор (Тео), Јан, Матео, Виктор, Михаил, Лука(с),Антон.. сите ти се прифатливи и кај нас и во Австрија и едни од најпопуларните.