А што има таа да бира име за детето? Не дозволувај. Оти ќе си го јадеш стапот. Пример за тоа е едната јатрва. Од старт ќути и свекрвата патосот го брише со неа. Сешто држи земјава.
И мојата гледаше календар Ѓорѓи да е, Митре да е.. Па по дедо на свекор ми да се крсти детето. Свашта. Јас и мм сами си избравме име и кога се роди бебе го кажавме. Сами изберете си име, не дозволувај некој да се меша тоа е само ваша одлука. Предлог некои, колку да разгледаш: Ангел, Андреј, Михаил, Калин, Илијан, Лазар, Леонид, Константин, Димитриј, Петар, Димитар, Гаврил, Јаков, Јосиф, Сергеј, Теодор, Василиј, Војдан, Горјан, Алексеј, Јован, Павел, Дамјан, Ведран, Никола/ј, Максим, Давид...
Ми се допаѓаат : Андреј, Николај и Сергеј од твојата листа. Јас би додала и : Владимир, Иван, Игор. Е сеа и името на маж ми е во моите фаворити и се смеевме зошто да не се вика исто и синот, убаво е името , само маж ми се предомислува, не личело исти имиња да имаат, ќе не осудувале луѓето. Ќе подразмислиме има уште време..
Сите свекрви се слични. На почеток можи ќе сакаат да видат до каде можат да одат со тебе. Ако им дозволиш, нема враќање, ќе си наредва та цело време. Не сега нема враќање буквално, ама потешко ќе биди. Сега почни си, одлуките ти и сопругот донесувајте ги. Имај си свој став и мислење. Гласно и јасно кажувај шо си размислуваш. Не со инат, туку со сигурност и самодоверба. И не ги рецкај толку како рекле, шо рекле. Послушај ме нема да згрешиш.
Имавме смислено имиња, уште пред да забременам. Убедена бев дека ќе биде женско, освен еден краток период во 5ти месец, кога ми беше мисла да не грешам, иако веќе од доктор ни беше потврден полот. Откако забременив, и' се обраќавме со името кое си го носи и денес
Кога ќе прочитам нешто вакво ми се плаче. Не мора ти на ништо да се прилагодиш. Јас скоро две години сум во брак! И свекорот и свекрвата мислеа дека ќе играм по нивно. Но, се излажаа. Вриснав еднаш и тоа мислам дека беше и повеќе од доволно. Не дека не се мешаат во многу работи, но јас не ги регистрирам. Дадете име што ќе ви се допадне тебе и на сопругот. Се друго е небитно.
Не ја слушам ни за име ни за ништо. Старите сакаат поштовање, некогаш и тоа ми е тешко да го правам. Вереникот ми има кажано дека сум многу остра со мајка му бидејќи некогаш превртувам очи или си кажувам директно што мислам. Не сум се спротивставувала бидејќи не сакам караници..
@Fallen.Angel е за име на дете, ако треба, нека има караници. Те читав дека свекрва ти те ограничувала за изборот на венчаница која сама ке си ја плаќаш. Сега читам за името се меша. Утре кога ке се роди бебето ке сака да го бања до 40 дена, ке ти наложува да го облекуваш вака или така, ке ти каже дали и до кога да го доиш, какви кашички да јаде. Ти и маж ти сте семејство, вие ке бидете родители на тоа бебе, имај го ова на ум.
Стефан, некако у последно време се подзаборави, а баш убаво именце е. Михаил толку го слушам у задње време шо ми е станато досадно, а и оние смешки коа дете мало се мачи да си го каже името јер му е тешко ради х. Прв избор лично за име би ми било да е лесно за изговор и да е познато име затоа шо имам чудно презиме и од секад ме нервирало кога ми го грешеле. Исто е и за име и е многу досадно кога сите 78 пати те препрашуваат како како.
@Fallen.Angel Прашај го свекрвиштето твое друг пат кога ќе ти пререче или наметне нешто околу бебето за било што, дури и кога ќе се роди " Дали она е мајка и дали она го родила детето. И само на игнор ако збори ти пак по твое терај.