Можеби, оти јас вистински познавам Андреа дедовци, и еден дечко 2 год постар од мене така е, не е Андреја.
Можно е, не велам не, може и во различни краишта различно се толкува. Машките се викаат баш Андреја (порано и таков доктор имав во Ск, ко мала), а девојките секогаш без ј, со акцентот на Е. Иначе многу почесто е Андреј како машка варијанта на името, често го среќавам кај врсници на поголемиот син, а еве сега и кај помалото во градинка ги има двајца, Андреј им е името. И внук имам, Андреј е, не е Андреја.
Девојки ајде малку помош 1. Ника 2.Никита 3.Каја 4. Хелена 5.Инес 6.Дебора Имињата ни се предлог од кумот и јас си кажав уште на почеток дека ќе изберам од тоа што тој ќе каже дека несакам да давам мои предлози . Па веќе треба да одбереме и се мислиме со мм кое од именцава па велам да прашам и за ваше мислење
Само Каја ми се допаѓа од овие, и Хелена може да се каже. Но сепак видете вам кое ви е најубаво и како би звучело со презимето.