Крис е поубаво, посебно ако сте во Македонија името Мајк воопшто не се совпаѓа некако. Апла е Американско. Џорџ, Мајк, Кевин, Луис...воопшто не ми одат со нашиве македонски презимиња. Познаници пред некој месец го крстија бебето Марк и сепак сите постари Марко го викаат. Башка и презимето воопшто не му одговара на името Марк. Се зависи и кај живеете, ама има многу имиња кои слободно може да се користат и во Македонија и странство. Виктор, Мартин, Давид, Петар, Стефан, Теодор, Михаел, Александар...овие универзални се секаде. Се е до желбата да родителите, ама зошто да се осакати некое девојче со името Џесика Павлевска или Луис Џорџ Митревски.
И корени, а и комшивче во старо мало имав. Таткото беше охриѓанец а таа слатка слатка како бомбона беше. Има некои личности од што ми се убави и имињата им ги сакам некако им одговараат
И мене ми се допадна Зарина. Ко персиско потекло да има името или руско. Го немам чуено до сега. Последно име што го слушнав за бебе е Вилијам. Ич не оди со наше презиме.
Уште од кога во клас имав Вилијам... Од 2000та навака вакви имиња доста чести се, ја познавам неколку генерација шо ми се. Е сеа колку одат на наши презимиња е друга работа.
За машко сакам име кое не е многу застапено и го одбрав Лиам. Многу ме бендиса имево. А за женско фаворит ми е Барбара.
Почитувам интернационални имиња ама до толку интернационални ко Вилијам и Лиам што знам, не ми одат со нашиве презимиња. Лиам Стојковски
Воопшто не се необични, пречести се и Мајк и Крис само не се наши, па ги нема овде, сем кај Ромите, али таму се има нели