Ги има кај нас и без ј, доколку ти е убаво името ич да не се мислиш нема врска, многу имиња има кои се изменети и нетипични за тука.
Алексиа, Изабела (иако не се кратки, убави се и интернационални) Дора Дона Ања Ема / Емили Лана Уна Лара Нина Леа Инес Ирис Нела Тара Ада Тина
Не знаев дека чекаш второ. Помалку сум на форумов, па не сум прочитала. Ајде со лесно и убаво, баш ме израдува. Да не бидам надвор од темата, Сара ми е убаво име.
Уште едно дунде Меѓу моите помилени ама не се најкратки - Петра, Тамара, Сара,Софија (Софи), Илина А од кратки што ми текнува, а веќе не ти ги дале како идеја: Кала, Лена, Неда, Оља, Аника, Вања, Дина, Лиа, Лили, Кира, Саша
Моето бебе се вика Гала. Кога останав бремена многу сакав да имам женско ама си викав од толкава желба Господ ќе ми даде машко (сестра ми има 4 машки ) и многу сакав Андреј или Петар. Кумовите уште пред 3 години ме прашаа дали имам желба за женско име одма реков не бидејќи не очекував женско ме прашаа што мислам за името Гала реков дека е убаво интересно несекојдневно. Кога се породив сопругот кога отиде по име кумот кажа Гала. Можеби кога би имала желба би се викала поинаку ама немав само да е живо и здраво. Така да името и е од кумовите и мене ми се допаѓа
Имаш 2 што ми се бендисуваат И ние изненадени сме Затоа и вака неспремни сме За машко име спремна бев, ама за дунде слабо. Башка што сакам кратко, што нема ј, за да не ми ја викаат пример мариџа или мариха од златна марија
Јас за синко во последен момент го сменив зошто првичниот избор многу често почнав да го слушам околу, а убаво име беше, ама ова што си го носи уште поубаво му легна. За жал првите фаворити Виктор, Огнен, Горијан и Горазд ми испаднаа одма од игра зошто ги ги имаме сите во најблизок круг. А за женски вака си прибирам идеи и потајно се надевам на второ девојче.
Јас кога бев мала сакав да се викам Лина. Сега ми текна, одговара на твоите барања. Со кратко име секогаш добар избор е и Ема, многу ми е убаво. Инаку јас како поборник за стари имиња, ако некогаш, (читај на грешка) имам бебе бр.3 и е женско ќе се вика Евда.
@kukla21 Ева, Ана, Ива, Ника, Лина, Миа, Ема, Сара, Лана. Не се кратки ама мене најубави имиња ми се Илина, Калина и секако на врвот Бисера.