Во последно време името Калина го засакав, кога еден ден би имала ќеркичка можеби така би се викала. Ми се допаѓаат и Андреа, Валерија, Ина.. За машки Дамјан, Матеј..
значи вака за женско омилени ми се Ангелка, анџелка, аурора, андреа, џејми.. а за машко дефинитивно Андреј, ненад, давор тие но најмногу андреј, како мојата најголема љубов
Ако е машко сакам да се вика ЛУКА А ако е женско Франческа Доколку имам Близнаци би ги крстила Валери и Валерија !
Уште два месеци имам до пораѓај, девојче е и договорот беше од секогаш да се вика Јована. Сега нешто му текнало на маж ми Билјана по мајка му. Не дека не ја сакам мајка му, ама стварно не ми се допаѓа името Се надевам дека мојата желба ќе се испочитува, дека нема да има кавга
Има време за деца, за едно 10-15 год. така да до тогаш желбата ќе ми се сврти 360 степени. А сега најмногу сакам: за машко Лука за женско Миа, Деана
Порано сакав подолги имиња како што се (Анастасија,Емануела,Кристина,Даниел,Александар....). Сега сакам пократки имиња (за женски:Ања,Ива,Теа,Мила...) За машко без двоумење би го одбрала:Лука...
Добро е што има ваква тема!За еден месец треба да се породам а уште немаме одлучено како ке го крстиме бебето.Се мислиме околу Анастасија,Валерија и евентуално Валентина.Па ве молам за малку помош!Благодарам однапред!А може и некоја ваша идеја...
Јас би ти предложила на детето да му дадете некое пократко име ( и онака сите ќе му го кратат долгото име) но немој да му ставаш име Теа, Миа, Леа и такви други кучешки имиња, можеш Јана, Нина, Тина, Ана, Ника. Но вие сами најдобро си знаете, вие одлучете А од понудените најмногу ми се допаѓа Валерија а и Анастасија но многу често е сега среќавано.
па од овој скромен избор анастасија, другите ми се ко за баби . мене ми се свиѓа михаела, симона, јована, деа,дора, кала
за да мислам за имина за мои деца има усте многу многу време,но според сегашно размислување сите имина ми се убави и сите ми се грди (освен моето најпоќр си го сакам)па кога би требала сега да му дадам име на моето дете навистина не би знаела кое би му го дала
Фала за помошта на сите!Имаме уште малку време да одлучиме но сепак мислам дека е доволно за да ја донесеме вистинската одлука.Ќе ве известам,секако!
ние имаме ете идеи само за женско дете и кога би имале женско би било или сара или стела ете тие ни се сега фаворити а за машко немам посебна желба. Али здравје еј секој ден се нешто ново ни текнува. Прво да го направиме па подетално ќе мислиме
Јас и ти во исто време ќе си имаме ќеркички Инаку од овие три Анастасија, ќе си ја викате Ана, другите не ми се допаѓаат.