Мене Ирина ми е исто на список за второво,и за првата ми беше ама тогаш ова име што го има ми беше на душа од мала па многу не размислував.А инаку и Илариа ми е убаво ама со ј
@SkarletOHara сега ја читам дискусијава и дефинитивно Меглена. Преубаво име, ако некогаш имам второ женско ќе биде или ова или Саша. Леона што знам, не би, особено не заради поврзаност со хороскопски знак.
Димитриј и Илијана се моите дечиња. И двете долги, но секогаш ги викаме на име, без скратеници Еве честам за името на ќерката @Chanell* Ирина или Ирис ми се најубави
И првата ми е без “ј” и за второто ако бирам ќе биде без “ј” пак. Ќе оди еден ден во странство и ќе и викаат ЕмилиЏа, ИлариЏа.. само затоа Ирина се повеќе ми се свиѓа
Мене ми се ‘чудеа’ и прашуваа зашто без Ј ми се вика малата, а јас баш од истата причина си размислував во иднина кога ќе оди во странство како би ја викале
Сепак не е турско, интернационално е во повеќе земји се користи, да имам ќерка би сакала да се вика Ирис, ама маж ми нема да сака Штета, а има убаво значење, ајде може до тогаш ќе се предомисли
Турско е Во Фамилија имам неколку девојчиња Ирис Ама ок,сега веќе сите имиња се интернационални.. И Моето дури. Ако носам сега девојче ќе биде Еда или Мелина. Синот ми е Онур,ако имам пак син вероватно Зеин. Арапско.. Има уште време но овие ептен ми се допаѓаат
Ирис е интернационален еквивалент на оригиналното Ирида, која е грчка божица на виножитото. Латински еквивалент е Инес. Мојата прва е Ирис. Илариа ми напраи ептен мерак од понудените. Инес ми беше на ум за евентуално второ девојче, ама Илариа ептен ме бендиса, ќе го имам во предвид.
Да, сега пребарував и на други јазици и го вади како грчко. А на турски секој сајт за имиња Ирис го вади како турско. И јас името прв пат го слушнав кај роднини Турци. Како и да е преубаво и необично име е. На турски значи Среќа И Мелина е грчко но е многу користено во Турција и Босна. Така да сите имиња денес се интернационални
@mssuniquee Имињата најчесто се од грчко, латинско и хебрејско потекло. Секоја земја си има направено свои соодветни верзии или ги има прифатено оригиналите. И да кажеш дека е турско не е грешка, чим се користи со децении, само што потеклото му е грчко. Иначе и јас бев изненадена за Мелина дека е грчко и е доста користено овде, а јас претходно познавав само муслиманки со тоа име. Иронично, како за грчко, Ирис па е многу ретко во Грција. Исто, да се исправам, го помешав со Ирис по грешка, оти го истражував пред скоро, Инес е латинска верзија, која за грчки еквивалент го има "Агни" што значи "pure". Верзија од истото е и Агнес што многу ми се свига, и пак да се вратам на тоа дека имав комшивка муслиманка што се викаше Агнеса. Значи кому како му е убаво, правила нема.