Читајќи ве сфатив дека јас сум навистина со застарени сфаќања Имаат право блиските околу мене што не ми ги бендисуваат имињата, како минува времето јас сум се повеќе неодлучна. Прочитав многу убави имиња, искрено ми се допаѓаат арно ама некако не ми одат со нашите презимиња, јас сум повеќе за православни или интернационални имиња Јас не живеам во Мк, овде би одговарало било кое од горенаведените имиња како Клара, Кјара, Леона, Стела... арно ама јас одма замислувам како би звучело заедно со презимето. На пр.Кјара Трајкоска (Кјара вака звучи убаво на Италјански, на наше му иде Јасна) Исто и Стела Спасенова (Стела на ит е Ѕвезда ) така да Јасна и Ѕвезда не верувам дека се толку кул имиња. Оставете ме мене што мрчам, секој си има свој вкус и си бира за свое дете. Помагајте за мое (едноставно, кратко и да одговара и за мк и за еу) На почетокот имав две, Ева и Ана (Анна) со 2 н се пишува овде, маж ми сакаше Софиа, Софии ги има овде многу така да отпадна тоа. Останавме само на Ана ама некако гледам од блиските. Предлози ваши...
@Monella Емили, Мелани, Матеа, Андреа, Натали, Моник, Белла, Елена/и, Елеонора, Емма, Габриела, Илариа, Лара, Изабела, Сара, Мартина, Викторија
Анастасија, Јулија, Дарија, Ми(х)каела, Марија, Хана, Кети, ( одземи ј ако мислиш) и тие на @Alishan30
Еве јас имам име кое во Австрија, кај што сум и порасната е чудно, за нив пречудно, нити знаат да го изговорат нити некој ме запамтич по име. Да Стела и Кјара се ептен странски и Мк тек сега почнаа да крстат така. Зато малата ја крстивме Нина, има многу швабици со тоа име и млади и стари. Гледам дека Лана и Лена исто така и тука постануваат популарни, Емили, Јулиа,Натали, Нада и Вера ( наши, а сепак лесни за изговарање), Сара, Петра,Елена, Мила, Инес,Ема, Ена, Ива, Ева рековте дека сте имале на список ама ако се работат за Германија не, Ефа се чита и така не ми се свиѓа.
Се работи за Италија. Овде Ева ќе си биде исто, Ана како што кажав и погоре се пишува со две н, исто ј немаат во имињата. Нашата К они не ја користат воопшто, си ја користат тие нивната С и тоа е ,,проблем,, плус, велам проблем бидејќи син ми има К во името и на секое запишување некаде треба да напоменувам дека е со к а не со с. Затоа сега сакав име едноставно и за пишување и за изговарање.