Маријана и Марина како слични ама не ми се допаѓаат баш. Многу ми се допаѓаат Божица и Ана (мајката на Марија). А имиња на М што ми се убави Магдалена (библиско име, Марија Магдалена) Едно девојче имав во комшии Магдалена, сите му викаа колку преубаво име има
Ако е баш на денот најубаво е Марија да биде, зошто на Богородица друго слично име јас не знам. Други имиња на М што ми се допаѓаат лично мене се Магдалена, Мирјана и Милица.
Мина колку што јас знам го нема во календарче (исправете ме ако грешам). А членката бара имиња православни.
Не мора да е баш Богдан. За тој ден освен тоа име може да биде на пример и Богоја,Богослав, Божидар...
Здраво..за православни имиња што јас знам дека постојат во календарче,освен Марија (кое според мене е водечко и сеуште незаменливо) се : Магдалена,Марта (ина), Милена,Меглена,Милица,Меланија,Марика,Макрина
Даааа. Не било православно. А името Мина од скоро ми е станато убаво, па не сум ни размислувала какво е . Инаку ако бебушка дојде на свет баш на Богородица најубаво стај си Марија ко така. Зш нели ти си имаше желба за Јована. И зошто би сега испревртувала со друго име на М. Мое мислење @Alishan30 Ама и било кое име да го ставиш ќе си биде најубаво на свет
Не се потпирај на веб страни. Сепак немаат доволно точни информации. Мириам сепак го ставаат муслиманите,а и во календарче го нема (проверив).
Има празник Св. Мина, мислам дека е на 24 ноември. За името и за празникот сум сигурна дека го има, за датумов баш не сум сигурна дали го погодив.