Дафина,Дафина или Дафина? Добивме коментари дека било старско,мене ми е преубаво,старо охридско а и такво презиме имаме па мислам многу ќе и одговара.
Убаво е,само ќе и го скратат во школо кога ќе биде, детска работа. Инаку Дафина мислам има грчко потекло ,а латинска верзија е Лаура. Од Охридските ми се допадна едно што тука беше спомнато. Зарина.
Да,Зарина веќе почнаа да го враќаат,Дафина уште не почнале За потеклото не сум сигурна,а видов дека грчкото значење и е тоа и значело ловоров лист,именден и е на Цветници кој е на 24-25 ти април,краен термин ми е 5ти мај,можеби и тогаш ќе дојде момата. Инаку за кратењето да,така е,ама маж рече ќе и го скрател во Ина да не е Дафе
Зарина?! Уффф колку ми се допадна, го немам сретнато. Дафина исто ми е убаво, ама јас гарант би си ја викала Дафи што уште појќе ми се допаѓа.
Епа тогаш крстете ја Ина според мене Дафина е преубаво име и не е добро вие да го скратите, за вас нека е секогаш само Дафина, мене никој не ме знае по моето право име, освен татко ми и мајка ми никој не ме вика така, ако вие и најблиските го скратите ете отиде Дафина во заборав, ќе и стои само во документи. А од кратенки Дафе е многу послатко него Ина.
Само нека е жива издрава,како сакаат нека ја викаат,а Бог знае и ние како ќе ја завикаме по дома,посебно кога ќе не налути И јас не сакам кратенки и нагаленки,моето име пример е неможно да се модифицира
Погоре пишав дека Деница ми е најубаво име, но големата ќерка и сопругот не го бендисуваат за име на бебето. Е сега на мм предлогот никако јас не го одобрувам бидејќи воопшто не ми се допаѓа, а на ќерка предлогот е Стела. Па мислење за Стела? Премногу ли е странско или може да премине во групата на интернационални имиња како Ана, Ема, Софија и сл.... Значи не ми е многу по ќејф ама од толку зборење почна да ми се допаѓа, само што си кршам правилата ич не љубам странски имиња, со македонско презиме...
Стела е убаво име. Софистицирано ми делува некако, дамски. Но ако предвид го земеме презимето, ќе звучи смешно. Имам примери во комшии со странско име и наше презиме и можам да кажам дека не му е лесно на детето. Брутални се децава. За Дафина погоре што спомнаа феминкиве, мене воопшто не ми се свиѓа. На некоја средновековна жена ме потсеќа.
Јас познавам една Стела и тоа од постарите генерации со македонско презиме и мене воопшто не ми изгледа лошо во склоп со презимето. Океј е вака името и не е толку често.