Јас би ти рекла да размислите за нови предлози Ама ако толку не се откажуваат од моменталните предлози тогаш Стела нека биде, штом на маж ти предлогот ич не доаѓа во предвид
Нема име што ќе им се допадне на сите, секој со свој вкус, а за вкусови не се расправа. За првото беше моја желба и многу го сакам името, за второво избра маж ми и уште се навикнувам на тоа име. Најбитно дома да си се усогласите и вас да ви е убаво. Ако едно име беше најубаво сите ќе се викавме така.
Мене како ми се ближи термин, се понеодлучна станувам. На крај ќе го викаме бебе. Андреа се почесто ми се вртка и ми се свиѓа ептен .. мм сака Теона,ама јас не се давам така лесно и нема да биде така,пошо тоа е доста слично со името на мајка му а нема само светковци да ги подновуваме Илина ми е непребол име,ама баба му така се вика па неќе да чуе за него Ииии немам идеја, оние на И што ги пишував овде, ни едно не ми бендиса.
@Chanell* Леле, главна сум на темава. Инаку, Андреа ептен ептен ми се допаѓа, гледам и машки и женски го носат, модерно е а сепак одговара и на нашево поднебје. Не знам дали ти се допаѓаат и А(н)дријана, Илариа, Ирина, Марина (последниве две стално ги кажувам ). Не ти кажав имиња само на И, ама се надевам не ти пречи некој плус предлог.
Сите ми се на список, ниту едно не ми бендисува маж ми. Навивам за Илариа, ма ја ли ќе го раѓам или он Не не, на И јас имав пишувано по темиве и ги набројав баш овие горе, ама он неќе ниту едно од нив, да беше машко сакаше да биде Андреа,па јас го запамтив и иако е моме,му го предложив. Ќути. Ете ми шанса за Илариа Нема ниту едно девојченце во околинава со тоа име. Преубаво име ми е.
@Chanell* Еее и маж ти многу пребирлив бил , и мене Илариа ми е топ именце, ептен уникатно ама и Андреа е баш убаво, дури поженско е отколку машко име. Другиве предлози се исто океј, ама Илариа е најубаво, навивам и јас за тоа.
И нашето е смислено...Марија...може не е некое ново,модерно,ама на нас ни мн.убаво.посебно мене де.,мој е изборот
Андреа ми е преубаво име и ако имав девојче во топ 3 ми беше, ама ни кажаа машко неофицијално. Затоа сега сакам Андреј, ама маж ми нејќе да чуе. Се запнал за Христијан и знам зошто, дека потсеќа на името на татко му, како изведено е некако, а и јас исто немам намера да подигам имиња, а најмалце со редослед родители на маж, па после на жена. Тоа ми се живи глупости, нов човек си личи да има ново име. И така му кажав ако нејќеш да те убедувам за Андреј, не ме убедувај за Христијан, ќе најдеме трето. Ќе има тепачки осеќам.
Нее, јас имав 10тина наумено и сите на И ми беа,случајно Нема врска буквата,само да не е на Т оти ќе се чукаат светковци во гради дека е на нив
Во игра за сега ни се Андреа и Михаела. Чекаме да видиме дали ќе добиеме уште некој предлог. Како и да е, сега за сега се вика бебе името се договоривме ќе го избереме кога ќе ја запознаеме
јас и подоле во темата пишував , мене името ми беше за срце прилепено уште пред 11 год првата ќерка кога се роди и тогаш мм ме предомисли и ја крстивме Теа , за ова од моментот ког дознавме дека е девојче му реков ова бебе ќе се вика Андреа , пустиот до ден пред пораѓај седеше на интернет и ми читаше имиња да ме предомисли ама не попуштив и така си ја крстивме ....
Јас првично сакав Ева, сопругот не. И едвај некако скративме до 2 Јована и Марија. И здравје Јована ќе биде. Секако терминот до 27 ми е, може и на празнукот ќе се роди
И ние неможеме едногласно и со убаво да земеме решение за име на бебето. И со првото беше така, кога ќе прочитам дека некои двојки заеднички го бендисале името на бебето ептен ми е ќејф. Така беше со првото од Илина на крај излезе Лина, не дека не ми се допаѓа но сепак не е име со значење и тежина, дојде како кратеница од Илина, скалапено во последен момент во болница Сега со второто бебе на пат истата приказна се повторува. Тој држи на тоа бебето да се вика по свекрвата, немам ништо против неа, напротив само убаво мислење, и прекрасен однос, но не ми се допаѓа името Снежана, воопшто не ми е убаво. Тој толку многу држи на тоа, што ниедно друго име мислам не го ни слуша Ако ја крстиме Снежана ќе ми тежи цел живот тоа дека ми е неубаво тоа име, јас како мајка за мој вкус ќе имам поубаво име од ќерка ми Сакам да најдеме заедничко решение на двајцата да ни е убаво но гледам дека тој ниедно друго име не го ни става на ум, затоа како тактика сега ми е големата ќерка да реши, тоа донекаде мислам ќе го прифати. Ми наметнува дека имам против тоа да биде крстено по мајка му, а тоа не е така, едноставно името Снежана не ми е убаво на мене.