Не каква Снежана, боцни ја на ќерка ти ако ме те издава да ја вмеша приказната и дека ќе ја зезаат за џуџињата во школо. Напишете имиња на едно ливче и дајте и ги на малечката нека избере.
Пробувам на тој начин дадичката да го избере името, таа и така вели Снежана се вика баба, тоа е име за баби не е за бебиња Ама ми е неубаво зошто неможеме да избереме име по ќејф и по мерак на двајцата, двајцата да му се восхитуваме на името. Така да стискајте ми палци малата да го донесе решението
Кога сам ќе го и направи и роди воедно, нека држи главен збор. Ако не ти се свиѓа, не ти се свиѓа и готово. Ти како сакаш да се вика?
За Лина, како нема значење! In Greek, it means "sunlight", and also refers to the olive crown used for a hero. In Persian it means "light", "a ray of sunlight" or "pretty girl Пс Снежана
Имам премногу идеи, би имала 10 деца само да си ги искористам сите имиња. Не сум сретнала поубаво женско име од Калина (спешл место си има во моето срцеее)
Илариа ми е многу поубаво од Андреа. Околу мене барем Андреа е многу почесто. Исто и јас му го предлагав Иларија на маж ми , не ми помина, како и другите што јас ги сакав.
Мене името ми е смислено, имам пишано Даријан ќе биде,ама се мислам дали Даријан или Дариан! Ми ги боде очите без Ј зошто некако по правопис ми одо со Ј,ама за 2/3 години планираме да се селиме (ништо конкретно) во странство, па си викам да не го изговараат чудно со Ј. Што викате?
Јас немам којзнае колку голема желба за некое конкретно име. Ми се допаѓаат Марта и Ема, од интернационалните имиња, а од македонските Деница ми е убаво. Погоре бев пишала дека ќерка ми го предлага името Стела, па од неа започна и Стела да ми се бендисува иако предходно не го бев ни помислила тоа име.
И мене ми боде очи без ј. Ќе ги научи на прав изговор. Нема зашто да си ги менуваме имињата за некој полесно да ни ги кажува, кога и вака и така не знаат презимињата.
Каква Снежана Што мора по мајка му? Ти да го носиш 9 месеци, го раѓаш, да не спиеш со месеци и да не ти е по кејф името? И ти запнисе по мајка ти да се вика. Е не можам да го разберам ова да се даваат имиња по старите, па и по старите од машка страна...
Чудно е за почеток, само во нашиот јазик, ама многу поуниверазално е без Ј. Настрана ќе кршат јазик, и ќе навикнат, ама од лични искуства и како некој што живее комплицирано а сака едноставност, јас не би избрала да биде со Ј.
Со Ј ми е позвучно, каде каде поубаво ми звучи. А и така си е правилно. Многу убаво име сте избрале. Еве еден пример со Ј во странство.Другарка ми живее во Америка се вика Соња Јакимова, и таму во документите е запишана Sonya Yakimova, и си ја изговараат правилно со малку помеко Ј,во никој случај не ја викаат Сонџа (нели ј се изговара џ). Инаку иселеници се, во мкд пасош е Соња нели на мкд јазик, а одоздола на латиница што ни ги пишува податоците мислам си е Sonja, е сега како го има изведено тоа во амерички документи да е запишана SonYa a ne SonJa незнам П.с. незнам дали кога си вадиш пасош имаш право да си избереш како да ти биде испишано името со латинично писмо дали мoже да изберете Dariyan наместо Darijan? Па странските документи нели се прават по мкд пасош....па ако се иселите во странство да си е Dariyan
Ете кажи му Стела, првата буква демек од мајка му. Ако инсистира кажи му сам нека си го роди па нека го крсти по мамичка. Свекрва ти што вика за тоа?
Сите 3 се убави, особено Стела. Не дека Снежана не е убаво ама и Божидарка може да има своја убавина ама сега е друго време. Јас на твое место не би дозволила ништо да се направи без моја согласност, а особено не за деца. Тука нема простор ни малку за тврдоглавост
Напни го и ти да се вика како мајка ти или баба ти. Што е побитна свекрвата од мајка ти? Убаво е да се продолжи тоа, али ако ти не сакаш нема зашто да го правите. Чим он го имал последниот збор за првата ќерка, имај го ти сега последниот збор. Ферски.
Пред неа не е станало муабет за тоа како ќе се вика бебето, не ни сакам да дознае дека имаме спор за тоа, ќе се чувствувам неубаво ако дознае дека син и сака да е по неа а јас несакам така да не е дискутиирана темата пред неа . Потајно сигурно си сака де, ама не е спомнала ништо жената во врска со тоа, по принцип не ни се меша во никакви одлуки, ама еве незнам мм што толлу е страстен на оваа тема