Даријан дефинитивно, ем е правописно правилно така, ем поубаво звучи при изговор. Ќе се навикнат во странство а и опција е Дарио или Дарин, ако многу ти пречи Ј-то
Сите три имиња се убави, Марта некако посебно ми се истакнува мене. Инаку ако треба да е на С за мир во куќа - Симона, Симеона, Срна, а други како предлог - Антонија, Аника, Алексија, Евгенија, Огнена, Калина.
Зошто бе девојки вакви предлози како ОГНЕНА и СРНА ??? Што ви згрешило тоа бебе. Па цел живот да ја препрашуваат зошто така, на кој така, како така... ај што се безвезе и двете имиња па и од многу модерни многу бес на крај. Извини, ама стварно неможев да се воздржам. Сите други се убави ама ова Огнена толку ми забоде очи што морав да искоментирам. Огнена, Ватрена
Мене Ема ми е преубаво. И пред да останам бремена велев ако имам ќерка ќе се вика Ема. Еве сега бремена сум, но сеуште незнам какво е бебчево, но сега ми го помати умот Хана. И на мм многу му се допадна и веројатно ако е девојче ќе биде Хана. А ако е машко многу убави ми се Давид и Матеј. Досега со мм се сложуваме, па си велам нема да има тепачки околу името
Да не го буцка она па тој толку запнал и мојава викаше не се мешам, а го бута носот секаде. Ако не ти се свиѓа името не попуштај кажи му на маж ти, дека немаш ништо против мајка му ама дека името не ти се допаѓа дека треба и на двајцата да ви се допаѓа името. Ако пак запне ти кажи епа тогаш по мајка ми ќе биде....
Уште кога дознав дека сум бремена кажавме дома дека бебето нема да биде крстено по дедо и баба и дека ќе си има свое име. Јас и реков на свекрва ми зошто не го крстивте маж ми како нејзиниот свекор, за да размисли зошто јас не сакам да крстам по некој и да му терам ќејф. Умре тоа време кога деца се викаа по баби и дедовци.
Океј, секој со свое мислења. Мене лично ми се симпатични македонски имиња. Секое име има значење само што денес се странски во мода. Ете некои што значат Огнен/а чисто онака. Доста се чести https://www.google.com/amp/s/www.mother.ly/amp/baby-names-that-mean-fire-2648180109
Најлошо што имам сретнато е име направено од едната и другата баба. Како спој на двете имиња. За да не се лутеле свекрвите. Илина, Калина, Ружица, Катина, Анѓа се прекрасни имиња. Али никогаш не би ни помислила на Славица, Снежана, Гордана...
Точно, секој со свое мислење. Не би ставила странско име на дете никогаш, против сум, не ми се тера до толку мода. Поштовам и модерни и стари македонски имиња, не сум реагирала досега за име и најчудното не ми било чудно, едноставно име е... ама ова Огнена... зошто би крстила сега во 2021/2/3.... итн итн.. едноставно зошто од толку имиња тоа би ти се допаднало, на оган ли те потсеќа твоето дете (не конкретно ти) ... кога ќе порасне плачејќи да доаѓа од училиште ли ? затоа ли? пошто децата не разбираат поголема слика од таа да те зафркаваат. Плус големи се шансите да и се скрати името со тек на време, не е звучно ни најмалце да и се обраќаш со Огнена. Огненаааааа ајде домаааааааааааа (жити се одговори го ова на глас да видиш како звучи само) глупо ми стана шо го пишам ц ц ц Секој со свое размислување пак ќе кажам, само немој, ама никако, да ме убедуваш дека било убаво или модерно оти никогаш нема да биде
Од каде потекнува името Хана? Тука во болницата кај што ќе се пораѓам треба да запишеме машко и женско име. Баш ми се свиде ова име Хана. @sunmoonstars а како се вика мајка ти? Ставете му две имиња де, едното на неговата другото на твојата мајка. Ај вака речи му да видиш што ќе ти рече.
За Хана според едни дека има Хебрејско ,а според други арапско муслиманско потекло. Го има и кај христијани и кај муслимани.
Со либе имавме одлучено за име за женско, меѓутоа бебе е машко ќе треба да одлучиме за име. Јас многу сакав името да завршува на ИЈ, ЕЈ (како руските машки имиња), либе не сака ни да слушни. Василиј и Антониј ми се преубави имиња, маж вика Васил или Антонио (што мене не ми се допаѓаат). Ајде, се договоривме дека и двајцата сакаме името да е македонско православно и да може именден да се слави. Во избор се: Јован, Ѓеорѓиј и Павле. Скоро и да сме одлучени, ама сакам да прочитам ваши мислења.
Па искрено немам прочитано од каде има потекло, само така ми се допаѓа. Но еве гледам другиве девојки напишале, таман да се информирам и јас