Ѓеорѓиј нели да биди и по твое да завршува на ИЈ хахахах кое и да го одберите нема да згрешите сите ми се убави и наши имиња
@IRBBB Јас не сакам стари имиња никако и искрено ќе ти кажам ниту едно. Повеќе сум за интернационални имиња.
Хахах се сложи маж ми, оти се знае дека е машко сигурно. Па ме зеза вика ќе му кажам после дека сакаше Хана да го викаш!! Ма не викааам мора и женско име да се запише.
Георгиј . Зошто со Ѓ? Или мислевте на верзија на Ѓорѓи? Ако е за именден, Никола е убаво име,Иван,Стефан. Павле е верзија на името Павел.
Верзија на Ѓорѓи, а да завршува на -иј. Никола е брат ми, Иван е верзија на Јован, а Јован ми е поубаво, а за Стефан ич не ми текнало и тоа ми е убаво. Павел е помодерно од Павле, ама со презимето звучи пресмешно.
Свети Ѓорѓи, ма.... ламјоборец беше он? Џорџ, Ѓорѓи, Јоргос, Јорг, Јурај... Како е верзија на Ѓорѓи кај вас?
Читам ЛајмБорец и се чудам шо е тоа- нешто со лајмска болест (секој со своите ламји) Да, Свети Ѓорѓи ја победил ламјата- убава симболика Појма немам шо варијанта имаат овде- у никакви религии не се мешам.
Варијациите со иј ил еј не ми се допаѓаат мене лично, ама тоа е индивидуално скроз. Антонио ми е многу поубаво од Антониј ама не сум љубител на долги имиња, мислам дека сите ќе го скратат на Тони или слично. Јован ми е многу убаво македонско и православно, Ѓеорѓиј не ми се допаѓа, ме асоцира на стар човек не знам зошто.. А Павел ми е некако поубава верзија на Павле, второво не ми се допаѓа баш.
Сите три се многу убави но еве ако треба малце помош 1. Ѓеорѓиј (можете и Георги, Георгијан, Ѓорги ..) секако е штосно 2. Јован 3. Павле
Зошто мислиш дека Јован и Павле се поубави од Огнен или Срна?Јас во 21 век 2022 не би ставила Павле.Ама еве тебе ти се свиѓа.Толку невкусни нешта пиша што морам да ти вратам.Кога викаш дека секој си има право на мислење и за вкусови не се коментира зошто кажуваш дека некој си го казнил детето што му ставил име Огнена?
Не те убедувам. Зошто да те убедувам? Дека ако се вика Огнена ќе ја исмејуваат не би се сложила. Ете некои си го викаат детето Ела/Ели. Дали и се смејат деца и ја викаат Елка, не. Ете мене лично Павле не ми се допаѓа, вкусови се во прашање. Не може за тоа да се убедуваме.