@GirlRose , @simona_baby и мене не ми се допаѓа Павле, само и одговорив на членката пошто бараше мислење, и така и ги подредив според мое мислење кое е подобро ако веќе им се стеснил изборот. Ако си го стават Павле тоа е нивен избор, исто како што е изборот и за Огнена, Срна, Вишна, Цреша .... Лимонка, Портокалка... ги има 10000000001 ако гледаме така.... кој како сака нека си го крсти. Јас си кажав дека не би крстила дете мое така, ниту пак ќе ми е убаво звучно за изговарање. А што сум изнакажала, пишала... па напиј се некое апче ако се изнервира толку @simona_baby , не мислам па дека твоето мислење треба да го изберат тука за најточно и најзакон.
И на крај краева, ајде па со се ќе се сложиме, ќе праиме лице тука, па нека не постои оваа тема. Само за тоа што се сложувате со членките оти си имате некој претходен муабет (претпоставувам) или од шо многу добри сакате да излезете (а нема ни вие да ги крстите Огнена и Срна, тоа е факт) не ме прави мене злобна мислењето и стојам позади него.
Ти не кажа дека не би го крстила така туку кажа дека детето е казнето.Моето дете е казнето ако не е нахрането,воспитано,не му овозможам образование итн.А дека ќе го казнам со името тешко.А дека ради тебе би пиела апче тешко,не си толку вредна.
@simona_baby ај цитирај кај сум рекла КАЗНА. За СМЕШНО да, за КАЗНА не се сеќавам да сум кажала. Види вака, тоа што од едно правиш 10 ( никаде не отидов јас до толку далеку до глад и жед) сега ептен ја изврте ситуацијата како многу да си добра ти а јас многу лоша, со тоа покажа сега колку си незрела. Претпоставувам дека си помала па се запали тука по страниве да се расправаш, изгледа не ти е денот. Како и да е, откачи ми се.
Се сложувам. Ме потсеќа на нешто кротко и мило. Баш кога ќе видам бебче со големи очи ме потсеќа на бамби
Да,сега сум моментално на распуст.Не кажа казна,кажа што ви згрешило вашето бебе за така да го крстите.Еве ти се откачувам.Околу некултурата,те видовме тебе колку си културна,ни подели по едно апче.поздрав
Ако беше машко моето ќе беше Василиј,бетон,без размислување,од сентиментални причини и ќе немаше дискусија,и Ѓеорѓиј ми е многу убаво.
Во православниот календар е Антониј, Атанасиј.. Мислам не се тоа варијации на нешто друго. И поубаво ми звучи така.
Михаил ако сакате именден , или Стефан, Јован, Теодор.. Ѓорги и сите слични на него ме потсеќаат на песната грозен Ѓоргија
Нашата керка ке се вика Огнена и мене и на мм многу ни се допаѓа името, кумата со задоволство прифати да го каже тоа име кога ке ја прашаат. Ме асоцира на девојка/жена која во животот ке биде своја, борбена и одлучна. И искрено не реагирам на коментари од типот ке ја викале вака, ке ја исмејувале.. ако околината нема култура за се ке најде подсмев и забелешка.
Никогаш во моето школување не сретнав некој да се потсмева за нечие име. И навистина не гледам нешто за потсмев во Огнен или Огнена. А за надимак ќе си е Оги. Децата сами по себе не се потсмеваат. Булиингот е одраз на родителите дома. Ако дома слуша потсмев како некоја е дебела, грда или има смешно име и оно истото ќе го прави.
Омг, не знам дали да се смеам или да плачам за песнава. Не сум во можност со музика да ја слушнам, само текст ѕирнав, ама ќе ја преслушам покасно обавезно.
Точно!! Се е до родителите, децата би реагирале ако дома се зборува. Сум пишала и прерходно, кај внука ми во одделение има девојче со "старско" име. Никогаш дете така не би крстила, ама ете она не обрнува внимание. Благуња и е исто и како Дарија, Ева и Амелија. Јас изреагирав прв пат кога чув, ама она не. Така да олабавете. До родителите и нивната култура е.
Исто и мене, има многу македонски имиња кои ми се преубави, еве како Катина, Јасна, Бисера, Калина......ама овие славјанските да ги речам, Славица, Снежана, Гордана и слично не ми се бендисуваат воопшто. Секоја 2ра тетка родена од 50тите д 70те години е тетка Снеже, тетка Сузе и тетка Горде.....Не сум ни за ептен странските "модерните" имиња, секој со свој вкус нели, лично намене најмногу ми се допаѓаат интернаципналните имиња коишто не ми звучат смешно ставени на наше поднебје, како Ана, Ема, Ива, Марта, Софија, и слични........... @BabyD0ll Хана ти е еврејска варијанта на Ана, доста често сречавано име во еврејскиот свет, едно од најчестите нивни имиња. Потеклото е еврејско но сепак е интернационално, се среќава насекаде во светот. А мојата мајка ич не си го бендисува името, сестра ми има 3 ќерки едната се вика Вера, другата Надја и кога се роди третата сестра ми и вика мамо ќе го ставам по тебе Љуба, таман по празникот Вера, Надеж и Љубов, мајка ми вика во никој случај да не си ја ставила Љуба, стави си некое убаво име, моето никогаш несум си го бендисувала
@sunmoonstars Добро де не мора да го ставате, само кажи го како предлог да видиш што ќе рече маж ти. Снежана Љуба на две имиња
Колку очајно е да мислиш дека ако ставиш некое име на детето што според родотелите има некакво значење, ќе го исмејуваат! Жално! Во кој век живееме. И да моето дете се вика Огнен, и има посебно значење за мене и мм. И да ако на пример некој го крсти своето дете Горги, треба да се утепа од нервирање ако го кажат Џорџ?! Хахаа мислам пресмешно.