Име како име,имам поубави и не толку омилени,никогаш не сум рекла за име дека е лошо. На кумашинката кога и кажавме дека решивме за Дафина,реакцијата и беше " ауу ич неубо старско,ич не ми се свиѓат". Во принцип многу сакам искрени луѓе ама не без осет и некултурни,никогаш не мислев дека толку би ме погодила ваква реакција,посебно зошто знае колку е чекано и со мака зачнато ова бебе. Секое дете со себе носи енергија,и Петра да е,не е битно,многу други работи се побитни кај децата,воспитувањето,да ги воспитаме пример да не мислат дека има лоши имиња и да им се смеат на другарчињата
Ама Петра сеа е модерно и не постои ризик да ја викнат Петранка Баш така секое име има убавина плус доколку го видиш значењето, тоа е тоа, љубовта на секој родител
Јас после миссед 3та менструација пред да дојди сонував сон дека сум родила девојче и во сонот и викам Ирина.. не познавам блиски или пријателки со такво име и му реков на сопругот ако имаме девојче ќе се вика Ирина и не ми е гајле кој што мисли потоа кога го видов значењето дека е мир реков тоа е тоа.... Му кажувавме на кумовите сега и не ни рекоја дека не може го бендисаја и тоа е тоа .... ИРИНА наша ќе си дојде за некој месец Мислам дека секој родител си одлучува за нивното дете како би се викало и не е дали е старомодно или странско или нз какво за секој родител има значење тоа име и да нема ете му се бендисало сепак сите сме различни ако мене ми е убаво тоа име не значи дека и на некоја ќе и биди затоа има 10000000.. имиња за да си одбериш ако беше сите да ни се бендисува едно име па не ќе се знаеше по кое дете вика родителот хахахаха
Петра е преубаво.Јас имам една пријателка сега скоро се породи со близнаци...Петра и Ирина ги крсти.И двете се убави.Ама мојата сакам Марија од др.причини.
Мене баш ми се допаѓаат и Срна и Огнена и да, би ги дала на свое дете искрено барем Огнена не го доживувам како модерно име, знам девојка што има 30 години со тоа име и најбитно од се, си го носи името, баш е огнена, борбена, истрајна Секој со свој вкус.
Мене ми е интересно како се потресувате само ако на некого не му се допаѓа некое од "постарите" имиња. Колку пати се јадело трици за модерни имиња ама никому ништо тогаш, али ако кажеме дека Благородна не ни се допаѓа одма секакви констатации се вадат.
Едно е кога јас ќе кажам мене лично не ми се допаѓа тоа и тоа име,а друго е кога некој ќе се обрати тука и ќе рече го осакатувате детето,ќе му се смеат,или тоа име е за куче,така?
Па баш за тие модерните имиња имам читано дека се имиња за куче и пак не се крева толку фама колку што се крева ако кажеш дека не ти се допаѓа Огнена или не знам кое беше. И никаде не прочитав осакатување дека е некое име.
Ајде да напишам и јас едно мислење тука. Имам прилично старо име кое си го мразев како мала затоа што имав неколку безобразни врсници кои се зафркаваа со мене и ми велеа дека имам бабинско име. Како што пораснав запознав повеќе луѓе со име како моето и си го засакав името, гордо си го носам и многу моќно ми звучи кога кажувам целосно име и презиме. Инаку јас сум против ставање имиња на баби, дедовци и слично. Сметам дека е глупо и скроз непотребно. Не сакам имиња коишто ги има пречесто како Марија или Никола пример. Глупо ми звучат македонски презимиња со странски имиња. Смешни имиња за мене коишто сум ги слушнала се: Кирјана, сите нови верзии на Ана Марија (Ана Мила, Јана Мила...), Антигона итн. Мене Срна и Огнена ми се допаѓаат. Омилено име(за кога ќе имам дете ако е машко) ми беше Дамјан ама запознав една личност со тоа име и ми стана одбивно заради неговиот карактер (додека да дојде ред можеби пак ќе ми стане омилено). Омилено име за девојка ми е Софија. Ама сега во блиска фамилија имам бебче Софија така да можеби ќе испадне од список. Тоа е моето мислење. Само да знаете не сум ни бремена ниту ќе бидам у блиска иднина, овие имиња ми се измислени од пубертетските денови.
бурни реакции за туѓ избор на име за сопственото дете е одраз на некултура, поготово во живо од страна на блиски што ќе те прашаат кое име сте го избрале. ако некому не му се допаѓа, а мора да изреагира некако, наједноставно е само да праша од каде идејата за тоа име, што значи, и сл.
Јас па не знам што такви реакции ако некој каже дека не му се свиѓа некое име. И мене не ми се допаѓа ни Огнена, ни Дафина, никогаш не би ставила на мое дете такво име. Ама се е до вкусот, ма да името не му тежи на детето.
Како дете куклите ми се викаа Александра и мечето Дејан. Убедена бев дека ако имам машко дете ке се вика Дејан. Имам два сина не ни помислив да му го ставам името Дејан ни на едното ни на другото. Ниту па помислив на име од свекор или татко...тоа па ич Ниту па девојче ако имав ке го викав Александра. Немам презир према ниедно име. Едноставно има личности каде што ептен им стои името а има и такви како што ама воопшто не им одговара. И друго,видете со презимето дали си одговара. Да не биде Росалија Трајческа.
Леле да,баш така сега е модерно, а у наше време беше старомодно... имав у клас Петра многу убава девојка, со ептен специфичен изглед (во убава смисла) и знаете колку се срамеше од името, и викавме Пепа, се си збореше како можеле да ја крстат Петра, многу и тежеше на девојчето. Денес е мажена во странство и има странско презиме, ептен убаво и звучи и со новото презиме.