Предлози за машки имиња, ама некако интернационални, да не бидат чудни кога ќе ги слушне некој во Мк, ама па да не биде да не можат тука да му го изговараат името на детето. И да одговара со мк презиме Многу барам, знам...
Марко, Алекс, Лука, Дамјан, Петар - сите ги има во англиска форма, ама зависи и за каде странство мислиш.
Мене исто Петар ми е на листа, иако па од друга страна и не сакам имиња кои се користат премногу...инаку и Давид не е лошо...ќе биде тешка мисија за име
Па во последно баш мислам дека не се пречести ни Петар ни Давид, повеќе ги редат овие помодерните како Маркијан, Калин и слично. А и Петар и Давид, двете се убави и интернационални.
Така еднаш направивме со ждребка, па татко му и сестра ми на зезање ставиле ливче со името на татко му Џуниор и баш тоа го извлекоа и се запнаа тоа дека било судбина Не би ризикувала уште еднаш
Хаахахахах. Прв пат слушам за оваков новитет. Добра шала ако не друго. Искрено, истражи значење може така ќе ти има некоја подлабока важност. Сите имиња се убави, нека е живо и здраво само.
Пишав пред скоро, Андреа и Михаела ни се во игра за сега. Ми се допаѓа и Николина ама мм имал вујна со тоа име, па отпадна. Слично на него е Николија ама имам слушнато дека некоја од српскиве певаљки се вика така па некако одбивност ми ствара. Едно време мм спомна Тијана како ретко име ама му реков воопшто не ми се допаѓа, на Татјана ме потсеќа. Не знам искрено убаво да објаснам што барам во едно име. Сакам да не е пречесто името. Баба и дедо да не кршат јазик додека да го изговорат. Сакам да одговара на македонско презиме ама да е и интернационално - тука доаѓа во игра Андреа. Ама па и Михаела ми е многу убаво, можам да си ја викам Миха
Мене многу ми се допаѓаше Елеонора. Ем личи со македонско презиме, ем е интернационално, ем им повеќе кратенки за нагалено, ем убави значења има самото име (како што прочитав). Али на мм не му правеше мн ќејф и ми остана да си го чувам, здравје на трето ако одиме
Андреа имам спомнато и погоре дека премногу ми се допаѓа, ако чекавме девојче шансите да се вика Андреа ќе беа многу големи. Михаела не е лошо, ама кратенката Миха мене лично ме асоцира на машко, познавам машки со тоа име/прекар. Николина не ми се допаѓа, а Николија не е лошо ама пречесто во последно време. Софија ми е мене исто преубаво и интернационално, нема да можеме да го ставиме ако би имале девојче во иднина бидејќи прва братучетка на сопругот со исто презиме го има тоа име и не сакам да се повтараме. Други идеи на имиња што мене ми се допаѓаат и ми се по описот твој: Ана, Ирина, Ева, Лена, Ема, Јана, Марта, Мартина, Сара.
Мене ми се допаѓа и Николета како варијанта слична на овие, ама ствар на вкус е. Убави се и Андреа и Михаела.
Ова што го пиша за Миха го немам размислено така ама сега кога го спомна, ми има смисла. Кога дознавме дека е девојче, си поставивме некои правила како на пример да не е овошка (Калина на пример иако името е преубаво), да не е град (иако Софија е преубаво). Од останативе што ги пиша, сите паѓаат во вода - од цело друштво и блиска фамилија последни добиваме бебе и скоро секое име е "зафатено". Андреа беше првото име што го смисливме од никаде нигде... Можда нема потреба од толку мислење
Супер е што сте си ставиле правила, така ви се стеснува изборот и полесно ќе изберете. Јас гласам за Андреа, преубаво, не толку често, нема како да се скрати, лесно е за изговор и никогаш нема да излезе од мода. Едноставно се поврзано со името ми се допаѓа.
Јас и мж ми смисливме име за ќерка Мелани, ама ни кажаа момче, се мислам сега како да се вика, првото синче е Емил, сега се мислам за Тео, Олег, Никита, Михаил, Лука, Матеј... Сакам кратко име да неможе да се крати