Мојата баба се викаше Јона...мене ми се допаѓа тоа женско име , исто убаво ми е Мартија , Николија и Ника
Нина ќерка ми се вика така. Уна, Срна, Тара, Лара, Лена, Лана, Ива, Ена, Каја,Неда, Нена, Лора,Вања, Вера, Сара,Дора,Ања,Ава,Реа... Хана веќе го имаш и е убаво.
Ова Надја не е Наџа всушност? Знам ќерката гледа една јутуберка Nadja ја пишува Наџа на српски си ја викаат. Наше би било Надица или Нада.
Каква врска има наше или српско име? Моето нема типично наше име, можеш како сакаш да си го запишеш. Ај коа сум тука, имавме имиња за бебе уште пред да знаеме пол, сакав детето да има несекојдневно име и до сега го немам сретнато.
Нема врска кој како сака , немам против странски имиња, ама баш Надја лично мене ми изгледа како техничка грешка, мене ми боде во очи дј е џ кај нив. З а оваа јутуберката Наџа има сестра Andjela, Андјела или Анџела.
Ако јутјуберката е од Србија, тогаш да, може да се прочита Наџа, или поточно Нађа. Сепак џ во српски јазик е исто џ, но нашето ѓ кај нив е ђ (латинично го пишуваат dj). Инаку името како име постои во сите верзии... И Надја, и Наџа, и Надица, Наде, Надежда... Исто значење имаат но од различно потекло се. Па така и самото име Надја е од руско потекло.
Надја си оригинал руско име, исто така скратена форма од Надежда, или пак наместо Нада исто им викаат Надја. Во Бугарија исто скратено на Надежда многу често им викаат Надја. Кога сме кај тоа име мене лично многу ми се допаѓа Надја како и Катја (од Катерина) ко што ми викаме ние Кате, тие на скратено го користат Катја ....по принцип мене руските имиња многу ми се допаѓаат, имам омилени руски имиња- Алина Ирина и Ања.
Незнам какво име е но мене лично баш ми е убаво. Знам и деца кои што се викаат Надја и баш супер ми звучи А и некој друг како што пиша Катја.. и тоа ми е преубаво, попрво би го крстила детето Катја отколку Кате, или Надја отколку Нада. Но вкус и вкус.
Надја, или оригинално Надиа е муслиманско. Ама скоро сите си имаат своја верзија од истото, па така руската е најпопуларна. На крајот, не е битно од кај потекнува, битно е да ви се свиѓа. Ирина е грчко.
Мене ми се ближи терминот а уште се мислам за името Стела ......многу е тешко кога си немаш омилено име што ти е на срце и си 100 % сигурен дека тоа е точниот избор....
да, за Ема и Марта беа мои предлози. Но големата ќерка не убедува да е Стела и се двоумам. Навистина немам омилено женско име, иако многу имиња ми се допаѓаат, но ете сега сум некако неопределена за ниедно име