Ќе го засакаш името штом е од големата ќерка дадено Кај нас ќерка ми го одбра името за сестричката, го погоди таман, веќе го викаме по име бебе иако е сеуште во меше
Немам деца но две имиња кои ги сретнав и ми оставија доста голем впечаток се имиња на две дечиња близначиња... Горјан и Борјан...
Ќерка ми е Ема Ева,Петра и Марта ми беа исто во игра. Чекав да се роди и да видам на кое од избраните имиња ке ми личи.Кое и да го одберете,ке го засакаш ради бебка,име како име не значи многу пред да се обратиш некому со истото. Стела ми е многу убаво,а и би ѝ направила мерак на дадата.
Да така е, во право си дека човекот си го носи името, некое име за кое предходно што не си го сметал за убаво, од човек ќе ти замилее или обратно Имам безброј вакви примери, еве внука ми се вика Вера, пред да се роди таа Вера ме асоцираше ко име на бабичка и толку, а сега покрај неа и покрај други мали девојчиња кои се викаат Вера ми се допаѓа многу името .