Сега видов дека акаунтот ми е направен на 16ти април, на 17ти правев тест и разбрав дека сум бремена. Акаунтот ми ги содржи имињата на ќерка ми и името што го планирам за синчето
Не знам што би направила јас, баш чудна ситуација. Мислам дека ваша желба е името, само ако вие сакате може да дадете име или прва буква според празникот
Не би го крстила според празник,можеби дека не сум до толку религиозна. Пример,се роди на Петковден и Петко/ Петкана име да му/и дадам Не,не и не. Ептен ако ми се свиѓа името,па ајде,ама вака само затоа што се родил баш тој ден,не.
Јас би ти го предложила името Мартин. Некако поубаво ми е од Филип и Никола, а и често име е во странските земји.
Ако ви се допаѓа името на светецот и ви прави кејф на двајцата родители, зошто да не, убаво е да се стави на светецот што се празнува на денот, ама ако не ви се допаѓа името според мене не треба да се стави тоа име. За мене оваа со ставње само на првата буква во случај еве како што кажуваш ти за да е по светец или да се направи мерак на свекор/свекрва ми е скроз некако без врска, без никаква смисла ми е, само една буква, а да не асоцира на името на светецот или бабата/дедото ми нема никаква поента. Еве пример изведено од Јован-Иван ми има по неков смисол, зошто е форма изведена од името Јован, ама да ставиш Давид или Део, наместо Димитар, само поради првата буква Д ми е без поента кога имињата се сосема различни...барем така го чувствувам јас.
И јас така мислам мила.Во право си.Без врска е првата буква.На пример да се роди на св.Јован а да ја крстиш Јана.Нема ни сличност.И МРАЗАМ детето да го крстам по баба и дедо.А кога би се родила на празник(мислам на поголемите празници)тогаш сакам да го носи името на светецот.Мислам дека не е случајност.
Наум, Кирил, Стефан, Јован, Иван, Ивана, Јована, Никола, Николина, Нина, Теодор, Теодора, Марија, Марјан, и сите слични на Мар/и. Методиј, Методија, Михаил, Михаела. Ангела, Ангел. Благоја. Се многу убави имиња на Светец. Ако се роди пример на Богородица може пример Бојана да се вика. Според првите букви. Нема правило. Желба на родителите е дали детето ќе се вика според празникот. Сепак убаво е и според празникот да се крсти. Според мене барем. И кога веќе сум тука. Методија какво име е? Неопределено? Мене ми се гледа како женско, ама и машко.
Методија е машко,не би рекла дека може да е и женско Штознам А и ми нема смисла Бојана на Богородица, подобро Марија.
Исто, многу ми се свиѓа за женско името Теодосија. Чисто за идеа. Кога би имала дете се двоумам дали би го крстила така. Се двоумам дали е правилно за машко Михаел или Михаил. Немам дечко, за имиња на деца размислувам. Кога ќе пораснам и ќе треба навистина да размислувам, кој ќе ме трпи низ Феминче. Лака ви душа и челични нерви со мене.
@edna_malecka Методија е машко име. Методи, Методиј и Методија си е едно исто, во минатото во западна Македонија обично Методија се користело почесто наместо Методи. А инаку Теодосија и мене ми се допаѓа, ќерка ми има другарка од градинка се вика така, претходно го немав сретнато името Теодосиј во женска верзија.
E jas sym na veligden, Veligdenka Velika kako da me krstele Sreka niso od ova. Imeto e izbor na roditelite ni na baba dedo zivi ili ne ni na svetcite
Никој не кажа Велигденка далеку од тоа.И не според празникот туку според светецот.Според Водици нема да се викаш туку според светецот Св Јован.А според Христос има доста имиња така да немора Велигденка може Христина,Христеа
Нина се роди на Василица, стварно ни на крај памет не ми текна да ја крстам Василка, краен термин ми беше 20Јануар, доколку се родеше на тој ден, пак не би ја крстила мислам Јована, Нина ја завикавме уште кога бев 12та недела и не идеше во опција никое друго име. Е сега, интересно, малку и чудно испадна кај нас, како што кажав ние веќе ја имавме крстено уште во мешко Нина ама после недела од кога се роди, мајка ми во календарчето забележа дека по стар календар на 14.01. е Св.Нина . Многу мислат дека ја крстивме ради датумот ама не.
Epa na vodici imenden slavi i Jordan i Risto. Nejse koj kako si saka ama jas sum protiv krstevanje po bilo sto ili kogo osven po zelbata na roditelite-t.e. nivno si e pravoto na izbor
Не би го крстила по празник, искрено ич не ми е гајле за вакви работи, мое дете, како сакам ќе се вика. Застарено ми е ова, до некаде и подеднакво глупо како давање име по баба и дедо. Мое мислење, нека не се најде некој навреден одма ако си крстил по празник или баба дедо, сепак на крај секој сам си одлучува за своето дете.