Се зависи како сакаат родителите. Ама лично мене најглупаво ми е да се даваат имиња по дедовците, прадедовците и сл. И јас сум родена на празник па моето име нема никаква врска со тоа.
И мене на овој празник ми е роденден, а не носам ниедно од имињата. Сестра ми ми има дадено сосема трето име.
Истиот моабет и го кажа мм на мајка му кога праша дали ако се роди бебушка на празник или во близина на празник би дале име според светецот.
Давање име по баба и дедо ако е принудно тогаш не е во ред, нели мора по дедото по таткото а името воопшто не и се допаѓа на мајката, тоа е застарено и ајде како што напиша и донекаде глупава работа ама пак е навреда колку и да напиша да се пронаоѓаме за сите што сме го направиле тоа. Ниту сум застарена, ниту сум глупава а првиот син во спомен на мајка ми го има нејзиното име, не можеше Матеј ради англиското говорно подрачје па испадна Матео, вториот син е роден на Богородица името му го одбра брат му па бидна името Константин, на ќерка ми името и е по баба и, си заслужи жената после 4 сина и 10 внука тоа дека има прекрасно име да беше Василка ќе си преќутев ама секако ми беше Летиција убаво име, за бејбито сега не можеа да се договорат децата околу Јоаким и Ноа па и двете му ги ставивме Јоаким Ноа.
Se porodiv na sveti matej a kerka mi se vika mihaela a jas sum rodena naredniot den po sveti arhangel mihail I sum krstena po baba mi
Да и јас тоа го викам секој ден се празнува некој светец.Внук ми се роди на св Матеј па доби сосема поразлично име.Јас мислев за поголемите христијански празници како Велигден,Божик.
Да Само што внука ми уште кога дозна дека ќе добие братче му го стави името Лука(по другарче од градинка)и жива сила не можеше да ја убеди да се вика поинаку.
Кај мене е толку мн рано а јас веќе одлучив Ако е машко ќе биде Габриел По мајка ми.И никако поинаку.Мн сакав Марко.Ама во блиска фам го имаме и не сакам дупли имиња Ако е девојче Софија Мм се согласи одма и со двете
Бравос за едногласноста со мт. Ме потсети на мене и мм,уште кога не знаевме пол на бебето имиња имавме. Тој предлог за машко, јас за женско. Немаше ниту секунда немаше негодување. Имињата што си ги одбрала и двете се прекрасни.
Јас многу сакав Габриел да го крстам моето. Многу ми се допаѓа името но не му се допаѓаше на сопругот па се одлучивме за друго.
И кај нас е рано, на пола пат сум, ама и ние сме одлучни веќе. Моето е женско и ќе биди Хана Здравје Боже само се да биди во ред.
Нас термин ни беше на 21 Декември, маж ми имаше голема желба да се вика Јана. И цело време така ја викавме. Ама девојката реши да си поседи во стомак и бевме со 17 дена поминат тремин. Се роди на Божиќ и ја крстивме Божица.