Вас може веќе ви го имам кажано. Хана Не дека е нешто премногу невообичаено, али за постариве е можеби. Хахаххаха ќе направам ss на кажаново, за некогаш да не се премислиш да речиш ај на мене крстете ги внуците
Дааа, сега се сетив дека негде погоре го прочитав и ептен ми се допаѓа. Во принцип сакам кратки имиња што не може да се кратат и изобличуваат. Стај таму во архива што кажав, да ми извадиш црно на бело еден ден.
Многу се изнервирав со имињава, ММ не сакал Олег, а јас тоа си го бендисав, он си останува на Марко и Алексеј, како што кажавмр на почеток, ама јас сега сакам Олег, и многу се нервирам!
ние имавме 3 и не се согласивме зашто он сакаше едно јас друго на крај тоа што остана и го стаивме, Исидора Валериа Ања Исидора
Така мм ништо не ми прифати од предлозите и му кажав секако на пораѓај не доаѓаш ќе си кажам како сакам.Ни дадоа од болница лист да пополниме со името и презимето со согласност од двајцата родители.Презимето е пишано ама името стои уште празно можам да си го пишам кое сакамСекако првото тој го крсти иако мене не ми се многу допаѓаше.Тогаш му реков за второ јас бирам.Олег ми е поубаво од другите две-тие се многу чести .
Ееее, и мене Олег ми е во тесен избор, а мм запнал за не едно, две имиња Андреј Исак и така. Имаме време па ќе се натегаме.
Не ми е јасно зошто секогаш ние жените треба да ги крстиме децата по свекорот. Зошто да не ги крстиме на нашите татковци, на пример? Кој ја има оваа глупост измислено значи аман. Детето од синот обавезно да било крстено по неговиот татко, ма немој!? Јас татко немам? Еве татко ми нема син и сега кој ќе крсти дете на него? Глупости
И јас ова многу пати го кажувам, што е нечиј татко повеќе од таткото на другиот. Ако е така татко ми нема ни презимето кој да му го продолжи, две сестри сме, па човекот во ни еден момент не рекол сакам детето на мене да биде крстено. Ама тоа е тоа, кој колку осет има...
Да беше моето машко ќе беше крстено по татко ми,ако сакаа и на глава да застанат,ова си го имам кажано јасно и гласно пред сите! Имаме едно замрзнато ембрионче и си го викам на името од татко ми
Многу е тешко така кога не се едногласни и двајцата родители во изборот на името...јас и со 2те деца го имав истиот проблем со мм околу изборот на името...за првото накрај избравме набрзина име, демек и двајцата сме согласни за тоа име, ама не ни беше баш по мерак и на двајцата....сега со второто иста песна, натеѓање....ама како компромис оставивме големата дада да одлучи (и баш го избра мојот предлог ) Им завидувам на оние двојки што со цел ќејф и мерак избираат едногласно име, и и двајцата му се восхитуваат на името. Јас ја немав таа среќа посебно ми е мака за првата ќеркичка што така неуспеавме да се договориме со мм и в болница решивме да се вика Лина, ....додуша сега неможам да ја замислам со друго име освен Лина така да човекот си го носи името по свој начин и ти намилева името од човекот П.с. и 3те имиња се добри, но Олег дефинитивно е на 1во место од другите 2.
Здраво девојки, јас сакам детето да го крстам по таткоми тој се вика Роберт но не сакам конкретно да му го ставам името Роберт него нешто слично на тоа ако имате некоја идеа да ми дадете, нешто по модерно