Името си е убаво, ама е доста често среќавано кај дечињата. Еве и во зграда имам близнаци Исак и Јаков, конкретно јас сум го слушала често.
Убаво име е. Сега во новиве генерации често го дацаат, стана доста актуелно, во постарите поретко го имам слушнато.
Во последно време ми се вртат во глава имињата Оливија и Евдокија. Е особено првово име ми е мерак кога ќе го слушнам, иако е ретко ама многу убаво. А од машки имиња најубаво ми е Петар.
И мене ми се допага Оливија, ама дефинитивно ми потврдија дека ќе имам син па сеа ќе барам име.. Ми се допага Јаков па ќе видиме..
Убаво е Јаков, ама последниве година дена 80% од машките се Јаков Ја би нешто поретко, ми се допаѓа Николај, Иринеј, Горјан, Хари Само предлог, сите се убави
Јаков е преубаво и неспоредливо со наведените. Не е работата само да си различен. Голема работа ако и други го носат името
И јас баш сакав да дискутирам за истово. Зошто на сите им е битно колку било често некое рандом име? Ако ти се допаѓа крсти си го така детето и крај. Што е битно колку луѓе го носат истото име? Секој е уникатен на свој начин, имињата што ги носиме се дел од нашата личност, но не и од нашата различност.
Ова како порано кога биле актуелни Гордана, Билјана, Елизабета, Зоран, Љупчо, Горан 99% од жените и мажите што се 50+ години што ги знам, вака се викаат
Еве лично за мене е битно колку е често името, не би сакала да има моето дете исто име како 3-4-5 други деца во зграда/одделение/опкружување. На пример во зградава кај што живееме има 3 Дамјан, 2 Лука, 2 Матеј, 2 Максим. Ова се деца на слична или иста возраст. Едноставно не гледам причина да се следи некој тренд на давање на имиња како да не постојат други. Лично мислење.
Да баш тоа и ја сакав да кажам. Кај нас во маало има тројца Марко кои се иста генерација и децава по презиме ги викаат..
Ние бевме 5 со исто име во одделение сестра ми има исто мн често име во тие генерации но личноста си го носи името на посебен начин , мене исто име различно ми звучи на различни лица. Во наше време имаше една Арсенија и тогаш ни беа чудни тие имиња . Колку и да го мислите името не знаете детето дали ќе си го сака. Ќерката цело време има желба да си го смени името, не е пречесто не е ни многу ретко или чудно ама она си замислува други имиња и ми вели носете ме во полиција пишете ме со новото име. Може еден ден ќе си го промени сама.