I understand where you’re coming from, јас сум од времето кога Ангела, Марија и Сара беа “светото тројство” и во секој клас имаше по 3-4 такви минимум. И јас имам често име, ама многу си го сакам. Пак чудна работа- со години немам слушнато некој да крсти бебе вака Сакам да кажам дека премногу нови имиња се измислија баш за да бидат уникатни, а уствари ги унаказија децата. Едно време Лука беше премногу често, сега го немам слушнато не знам колку време. И мене ми е поентата дека има милион имиња и треба да се користат, ама сум против овие модерниве глупи имиња. No offense.
Го делам твоето мислење конкретно за тие три имиња плус Давид, Стефан и Марко. Самите имиња посебе се убави, но дека се прееемногу чести кај малите деца, јас лично на моето дете не би му дала некое од овие имиња, иако ми се убави сите, некако ми се "досадни" од што се "модерни" последните години. Од друга страна интересно, од наше време пречести се и некои наши македонски имиња како Димитар, Никола или Јован пример, па би избрала без да се замислам некое од овие имиња, иако знам можеби над 20/30 лица кои ги носат овие имиња....Најверојатно првоспоменатите ми станале досадни зошто наеднаш станале трендовски/модерни, при изборот на име луѓето се влијаат многу од тоа име кое е актуелно во моментот, како на бранови е актуелноста на некое име, пример 3 години се актуелни Ања, Мелани и Михаил, наредни 3 други имиња.... Ништо лично сите имиња се убави тое е лично мое мислење,најверојатно мене ми се убави мкд имиња па колку и да се чести не ми се досадни, а оние помодерните ми бодат у очи кога се среќават често.
Во мојата околина дефинитивно Никола е најчесто па и Јован, Марко не познавам никој после еден комшија кој има 60 години, и Стефан мој постар роднина, значи не се баш модерни Марко Стефан па и не секаде исто имиња се застапени.
Јас баш за Стефан не мислам дека е модерно име, баш напротив. Познавам многу моја генерација и постари кои се викаат така, а само едно мало дете знам со тоа име. Стефан, Александар, Никола се безвременски имиња. Отсекогаш биле употребувани.
@forumce @SkarletOHara Да точно Стефан и Марко ги имало од секогаш, знам и јас многу дедовци Стево, но еве конкретно во мојот град што се вели врие од деца со име Стефан, моето мислење е базирано на тоа што го гледам од страни во мојоата околина, кај блиски,познаници, во маало..имаше еден период беше многу актуелно тоа име, невелам дека не е убаво името.
Јас само гледам во Фамилија да нема исто има, од страна ми е галје. Е сега за второво исто такво има име детето на братучетка ми ама па и не сме баш блиски и пак ми е гајле.
Хаха и мене, баш го имавме предлог ова име и одма го споредив со презимето и звучеше како 2 презимиња да има
Не виде куре докторката ама може да се појавело Следен преглед ќе знаеме. Името е и во машка и женска верзија
За 3 дена ќе се породам а јас сеуште неодлучна за името на бебето, од ко дознав дека ќе е женско го мислам и еве 3 дена пред термин сеуште неодлучна Накрај одлучив ако се роди на термин во Март месец да е Марта, а ако се роди во Февруари пред последната дата да е Стела. Е сега кога се ближат ептен последни денови до "денот Д" незнам дали да си држам до првичното и незнам да се одлучам кое име ми е поубаво од двете
Кај нас пресече кумот, ако навистина ти се допаѓаат и двете имиња можеш да им направиш чест тие да одлучат од двете. Секако се твоја желба имињата. Кај нас беше едно мое едно од маж и неможевме да се договориме. Кумот избра едно.
Јас 10 дена откога се роди одлучував на кое име ми личи Башка морав да најдам нзс со синко и со мм (исто и он како мало дете)