@kukla21 еее не ми текна ама воопшто за женската варијанта -Ведрана, ама ич не се сетив, а сум го слушнала имаше една водителка ма МТВ ако небеше Ведрана. Ама толку, списокот за женски имиња ни е затворен, од толку мислење се ми стана каша попара во главата, добро е што се стопирав само на 2, Марта и Стела се засега во игра, со водство за Марта (со побарана помош од страна за мислење)
За некој е многу битно името да е често за некој не и тоа е ок. Лично мене ми беше битно ќерка ми да има ретко име.
@kukla21 @BirMelek готово падна конечната одлука Марта ќе е, едно на 1ви Март ми го закажаа породувањето со царски, и второ на мм многу повеќе му се допаѓало името Марта од Стела, јас и така бев неодлучна помеѓу двете....а и на форумот овдека некако повеќето го бендисавте Марта
Двете ми се многу убави, едни од омилените. Јас сум за Јосиф, лично сакам поретки имиња, а и како голем го замислувам и моќно ми звучи.
јаков секогаш ми било фаворит. Да имав куре ќе беше Јаков Знам едно многу убаво детенце Јосиф и ми асоцира на него Убав избор секако Мислам со дадичката Јаков убаво иде
За третото младенче имавме повеќе имиња за избор. За девојче беа, Магдалена, Виолета, Валентина. Децата сакаа Ема и најверојатно Ема ќе беше Машки имиња не баш многу. Паул, Милан или Ноа. Испадна Милан. Со оглед на тоа што мм е германец, гледав да се повеќе интернационални имињата. Да одговараат за двете земји