Јаков Сигурно имам пишано и наназад-Јаков ми е првото синче, Тадеј второто Женско да имав ќе беше Бисера
До крај се двоумев меѓу Дамјана и Бисера. Кумот пресече. Дамјана ми остана во мерак,ќе раѓам уште една мома Ема,Лихнида,Ведрана беа во потесен круг.
За машко име сега знам дека името е босанско ама нема везе, сакав да кажам само дека ми е многу убаво махир..А останати кога би имала би виктор, андреј, и така натака..а женски имам многу, марија, ангела, ана марија исто ми е преубаво
Ма јас уште девојка немажена знаев дека ако имам ќерка ќе се вика така и никако поинаку.Е за вторава се двоумев многу што како. Инаку убави ти се сите,ако не па може и некој Дамјан
за Бисера Инаку и Тадеј е еден од 12 Апостоли, брат на Јаков. Сам си го донесе името... Имав тешка и неизвесна бременост- барав име со значење Дар од Бога... случајно го открив.. И се наредија коцките
Сум го слушнала ова име Тадеј, многу е убаво и невообичаено. И двете се убави. Не можам да одберам кое ми е поубаво
Повеќе ми се допаѓа Јаков. Сега дефинитивно ми потврдија дека носам машко така да фаворит ми е Јаков. Баба ми кога и кажав ми вика тоа е хрватско име ама мене баш ми е убаво.
Јас мислам дека е христијанско, и интернационално, не е само хрватско. Синот ми има српско име. Малку се чудеа кога кажавме како ќе се вика, ама кој ги тркала,нас ни се свиѓаше името.
Абе што народ ќе сме мора да правиме драма од се...Бескрајно е себично и безпоента да те крстат по баба или дедо особено ако името е престаро и специфично. Од лично искуство кажувам јас сум крстена по на татко ми мајка и никогаш никој во животот, освен на факс или службено не ми се обратиле по името.Од дете имам прекар кој мн го сакам и касно и дознав дека не се викам така хаха.Цело време ги прашував добро бе зашто така ме крстивте видете сестрите како имаат кул имиња и двајцата креваат раце и ми викаат па кумот така кажа... Кога јас останав бремена татко ми беше прв тој што рече никако да не го крстите по нас и цело време вика јас го имам најглупавото име Зоран се вика пустиот и цело време се зезаме на негова сметка. Сите 4-ца значи и родителите на мм ми имаат досадни и старовремски имиња што не би ги употребила и тоа си го кажав. Не бев безобразна едноставно не ми се допаѓаат имињата за во 21-век, а и не е еден и не сакам да фаворизирам некој од нив и сите си беа океу со тоа. А со името на бебето сега што ќе стигне за некој месец имаме неколку случки. Бидејки сме мн бремени сега роднини, колешки и другарки. На една прошетка си збориме за имиња и ајде ние го дознавме и полот ги кажуваме дветете имиња што ги мислиме и ни останаа слободни и пријателкава се врти накај маж и и му вика еј што мислиш за имево и ние да го ставиме и он и одговара аууу не ми се свиѓа. Се врти накај нас и вика мн јако име ама ете не му се свиѓа крстете си го вие така. И ние трепкаме со мм...После накај дома ми вика веќе не го кажувај на неколку души ги кажа сега сите ги ставаат у опција. И стварно е така две ни земаа имиња, а имињава се и доста специфични. Ние баравме универзални имиња, а не како моето да неможе никој никаде на светот да го изговори
Воопшто нее убаво за името на татко ти да викаш пустиот па и да се смееш на негова сметка. Па и Стојанче и Сречко да се вика. Во тоа време ставале такви имиња.