Ставете им имиња на децата какви што сакате, шо е битно дали е албанско, македонско, турско... Ако вас ви се допаѓа шо е друго битно
Адам, Аврам, Јосиф, Јоаким,Кириан,Лоран,Вања,Иринеј, Емил, Евгениј, Борис, Габриел.. од не секојдневни а по ок овие според мене. А веќе апла ако сакаш, наоѓај по владикиве. Никодин, Никита, Теодосиј, Серафим
Небитно какво е потеклото, али првата помисла на Јон ми е по кога по хемија учевме за јони и морекули. Не им ставајте имиња на децата кои некогаш ќе ги доведат во ситуација на потсмев од страна на врсниците. Тоа ќе доведе да си го замрази сопственото име.
Зошто јас сум за потсмев? Поради мојата асоцијација. Па само посочив на какви ситуации може да биде изложено детето. Во свет каде е се поголем врсничкиот булинг наивно е да го речеш тоа.
Зарем толку никој не слушнал за Јон? Ако не во живо барем ќе ви беше познато од Пиреј од Петре М.Андреевски. Инаку името Јон доаѓа од Јован. Во некои делови од Македонија така го кратат согласно дијалектот.