Голем број имиња кои ги прочитав тука не ми одат баш со нашите презимиња на ски/ска. Едноставно, звучат смешно. Пример од женски имиња што прочитав Катја ептен ми падна во очи, многу убаво име. Ама споено заедно со наше презиме, цк, некако не ми оди. Или Алексеј, омилено машко име ми е. Ама сепак, во комбинација со ски, глупаво ми е малце. Ограничени сме некако во тој поглед, комплицирани ни се презимињата за така унитатни имиња.
Катја Коцев Алексеј Алексов Јан Јовев Не ми текнува моментално на други видови презимиња што постојат во Мк ама било кое име ми одговора со било кое презиме, во умот е како гледаме на комбинацијата Не сите презимиња завршуваат на ска/ски По претпоставка Катја еден ден може ќе се омажи за Германец и ќе е Катја Кублер што е подобро отколку Катерина Кублер (не дека и оваа комбинација не е убава)
секако. Треба да размислуваш оптимистички дека ќерката нема да заврши во оваа држава, туку дека со време ќе се отсели. едит. Од оваа причина јас барав имиња без буквата Ј во нив Да не станат МариЏа или Џана
Не. Убаво имам напишано: претпоставка, еден ден, може. И немажена да остане Катја е убаво име. И Катја Стефановска е убава комбинација.
Да те исправам, не е Џана, туку Џејна што и не е лошо, иако ќе те викаат така како што ти ќе се преставиш. Јас знам неколку Марии (пошо бааги популарно име беше) што живеат во странство и сите ги викаат Марија, не МариЏа илиштотијазнам.
A пак ако ја ставиш МАРИА ,без ј во 99 % од документите ќе и лупнат ј ,па трчи исправај документи за се нешто
А мојава Маџа ќе биде Како бе не размисливме тогаш. Шо убаво ќе беше Емили или Ема да си ја крстевме, немаше да има проблем.
Ама затоа ги потенцирав презимињата кои завршуваат на ски и ска, најчести се кај нас тие. Иако секако ги има и другите кои многу повеќе одговараат со понетипичните имиња кои ги спомнав. Ќешки да се омажи за некој Германец и да се спаси од тука, името ќе е најмал проблем.
Слободно нека иде по светов Ама ако и бирам име да одговара со германско презиме и она ме зезне да си имам на пример јапонски зет, тогаш што правиме
А како Алексеј не ти оди со ски? Па нели е руско име? И они имаат и -ски и -ев. Катја е исто руско име, правилно Германско би било Катрин или Катарина (Katharina), на македонски Кате, како и да завртиш Катја е најубаво. Нашта е Нина, одбрано за да биде ок и за Македонија и за Австрија. Доминик ми е машко убаво име, Јонас, Ноа ама пак тие со ски воопшто не одат затоа ќе ми останат само убави, а Алексеј според мене одговара.
Не знам зошто не ви одат. Јонас Атанасовски. Ноа Трифуновски. Доминик Стефановски. Не сте навикнати можеби.
Баш зборев со една пријателка со 3 деца со Ј буквата во имињата, а се во странство, едното и таму е родено и пак го пишале со ј. Ми рече како ќе им кажеш така те викаат. Не ги прекрстиле. Ништо страшно значи. Ова дека моите се со Ј, мене така поубаво ми звучат а би сакала да не мора да останат да живеат во мк.