Прво јас не сум македонка, така да мислам дека за вкусови не се дискутира секој има различен нели?Тоа точно е дека секој треба да знае од каде потекнува па затоа и такви имиња ми се допаѓаат.
Има време додека да имам деца бидејќи моментално и самата сум дете, но кога ќе имам деца, ако имам женско би сакала да се вика Елена. Едно време забегував по странски имиња, но ете пак се вратив на „наше“, кое за мене има големо лично значење. Ако имам машко, би сакала да се вика Алексеј. Од кога го слушнав имево, се заљубив, иако најчесто се среќава во Русија, колку што сум запознаена. Премногу ми се допаѓа, за разлика од Александар, кое порано ми се допаѓаше, но откако секое второ дете се вика така, го замразив.
Сакам имиња што се светски а наши или бар да звучат како наши. Не можам да замислам мојата керка да се вика Грациела, Сара(циганска божица), Луна, Миа, Анабела(босански ми е некако), и имиња во демунатив како Пепита.. замисли баба Пепита грдо е бе.(не сакам да навредам некој со ова и моето име не е баш најсјајно) Поснавам девојка Ангелина ич не си го сакаше името. Ама откако Анџелина Џоли излезе на сцената на Матрикс сега си го сака. Ни влијае западот на нас многу Сакам имиња, Александар, Филип, Катерина, Марија, Ана, Давид, Виктор, Михаела, Андреј, Елена, Софија, Лиле , Магдалена, Ангела
Ако имам ќерка би бирала меѓу - Петра, Михаела, Петра, Петра... тоа ми се вртка по мозочето Имам син и тоа е решен проблем
Порано многу сакав да си го крстам детето како некој од шпанските серии. И нормално денес се гледа ова, вака ќе се вика, утре она, онака ќе се вика. Ама откако тие бубачки ме напуштија вака решив: женско: Билјана, Дијана, Зорица, Марина машко: Ристе, Матеј или по избор на таткото.
Mислев на Томб Рајдер пијма неам како Матрикс ми дошло кога излезе таква стегната запотена јака... постов е за тема глупи мислења на плавуши (ако постои таква тема)
Делфина, Мила, Миа,Андреа, Калина, Викторија,Луна, Лина, Лаура, Екатерина.... Давид, Алек, Давор, Симон, Андреј, Марко .......
Женски: Изабела, Патриција, Миа, Анабела... ( дефинитивно едно име од овие ќе има мојата ќеркичка, здравје Боже) Машки: Марко мн сакав ама пречесто ми станува некако па се предомислувам.. Машки имиња не знам некое посебно да ми се свиѓа, ќе оставам тоа ма мажот да бира..
Ако имам близначки сакам да се викаат Михаела и Матеа,а ако имам син обавезноооо ќе се вика Матеј(омилено име ми е).Други убави имиња ми се:Антонија,Драгана,Теодора,Лозана,Бојана,Андреа.Од машки убави ми се:Бојан,Лука,Давид,Михаил,Кристијан))
Машки:Викторијан, Максим, Максимилијан, Петар, Филип Лука, Дамјан,Един, Иван. Женски: Индриг, Жаклин, Вероника.